Спорт
Џиро 2019: Гавирија со подарена победа по дисквалификацијата на Вивијани
Домашниот фаворит, Елија Вивијани, иако прв ја помина целта на третата етапа на Џиро Диталија, беше дисквалификуван поради опасно возење и таа замина кај Фернандо Гавирија.
Вивијани (Дечеунинк) сврте нагло од својата линија во текот на спринтерскиот финиш кога Паскал Акерман тргна во ран напад блокирајќи го италијанскиот сонародник Матео Москети (Трек-Сегафредо) и жирито на трката реши дека тој направил прекршок одземајќи му го првото место. Гавирија (УАЕ Тим Емирати) сега е победник на етапата пред Французинот Арну Демар (Групама-ФДЈ) и Акерман (Бора-Хансгрое).
Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма) заврши безбедно во главната група за да го задржи водството во генерален пласман и покрај тоа што во последните хаотични минути имаше и велосипедисти што загубија време. Британецот Тао Геогеган Харт (Инеос) заглави на пет километри пред крајот и заостануа 1:30 зад главните конкуренти. Роглич има 19 секунди предност пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) и 23 секунди пред Италијанецот Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида).
Was this move intentional from @eliaviviani? ?#Giro #Giro102 #TheBreakaway pic.twitter.com/DgXJ97rLxs
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 13, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.