Спорт
Дмитровиќ повеќе нема да брани за Србија

Србија ги започна подготвките за престојните квалификациски натпревари со Литванија и Црна Гора, за пласман на Европското првенство.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во своето прво појавување пред новинарите по Мундијалот во Катар, откри дека голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ решил да се повлече од националниот тим.
Дмитровиќ (31), го известил селкеторот дека сакал да им се посвети на клупските обврски во Севилја.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека Дмитровиќ не бил задоволен од третманот што го има кај селекторот и дека поради тоа решил да се повлече. Наводно, на Пикси дополнително го ставил Дмиторвиќ на спискот, кога дознал дека ФИФА се уште не го одбрила настапот на Владан Ковачевиќ, инаку Србин од Босна и Хрцеговина, кој го прифатил повикот да го смени спортското државјанство.
Дмитровиќ во кариерата бранел на 19 натпревари за Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чекајќи го Меси, Саудијците го доведоа Карим Бензема!
Саудиска Арабија е ветена земја за најголемите светски фудбалски ѕвезди. Мразот го проби Кристијано Роналдо, сѐ уште размислува Лионел Меси за понудата на Ал-Хилал вредна 1,2 милијарди евра, но се чини дека многу побрзо од него одлучи Карим Бензема.
Французинот доби понуда од 400 милиони евра за двегодишен договор со Ал-Итихад, и одлучил да ја прифати, иако за тоа сѐ уште нема официјална понуда ниту од фудбалерот, ниту од Реал Мадрид. Но, многу извори кои први известија за трансферот на Роналдо во Ал-Наср и сега потврдуваат дека сѐ е договорено за доаѓањето на Карим Бензема.
🚨 Karim Benzema to Al-Ittihad – IT’S DONE! ✅✍️
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/eksARf8eAr
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 1, 2023
И Македонија има свои претставници во најквалитетното друштво на Саудиска Арабија. Таму се Александар Трајковски во Ал-Фејха, Дарко Велковски во Ал Етифак, а и Езгјан Алиоски е на добар пат да се врати во Ал-Ахли.
Спорт
ГРК Охрид доведе голман од БиХ

Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид потпиша договор со младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ. Тој има 19 години, доаѓа од екипата на Борац Бања Лука и потпиша договор до 2026 година.
„Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го следев Охрид претходната сезона и има навистина добар тим и некои од соиграчите веќе ги познавам“, изјави Бркиќ.
Голманот Берин Бркиќ е второ засилување за ГРК Охрид, откако вчера беше доведн и грузискиот репрезентативен лев бек Тимураз Орјоникидзе.
Спорт
Билетите за мечот Македонија – Украина во продажба од понеделник по цена од 300 и 400 денари

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024, објави ФФМ.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)
Цени на билети:
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 300 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 300 денари
Блок 3 и 4 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики