Контакт

Daily news

Драматично четврто коло во кошаркарската Суперлига

Објавено пред

МЗТ остана единствентата екипа со максимален ефект во Суперлигата и по четвртото коло, кое донесе три интересни и незивесни натпревари.

Дербито помеѓу освојувачот на Купот, Карпош Соколи и актуелниот првак МЗТ, му припадна на бранителот на титулата. МЗТ како гостин славеше по едно продолжение 87:85.

Младеновски беше централна фигура на мечот, тој на 10 секунди до крајот не ги реалзира слободните фрлања, но во последниот напад на Карпош Соколи успеа да го блокира шутот на Пери.

Петмина играчи на МЗТ постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Симоновски и Клоф со по 16 кошеви. Кај домаќинот тројца играчи постигнаа 20 или повече поени, најефикасен беше Трајковски со 25, два помалку имаша Пери, а Лабовиќ посигна 20 поени.

Продолжение се играше и во Кавадарци на натпреварот помеѓу Фени индустри и Куманово. Домаќинот во последната четвртина надомести негатива од 12 поени, во регуларниот дел беше 83:83, а по продолжението славеше Фени 101:98.

Пантиќ со 27 и Николовски со 22 поени го предводеа Фени до победата, додека кај Куманово со ефикасноста се истакнаа Караџовски со 27 и Браун со 23 поени.

Работнички, минимално, но во 40 минути славеше против Кожув 68-67. Петмина играчи на Работнички постигнаа двоцифрен број на поени, но ниту еден не постигна повеќе од 13 кошеви, а истото важи и за Кожув.

Илиевски со 13 и Чековски со 12 поени беа најефикасни кај Работнички, а кај Кожув 13 поени постигна Мекнил, а 12 Штерјов. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет10 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...