Домашен
Лина Ѓорчевска загуби на чекор пред главниот турнир
Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорчевска го заврши настапот на Аустралиан Опен 2017.
Лина на чекор пред пласманот на главен турнир загуби од Стефани Фогеле(SUI) [1] (114 на ВТА, а најдобар нејзин ранг 42), првата носителка на квалификациониот турнир.
После 1 час и 54 минути игра резултатот и искуството беа на страна Фогеле која победи со резултат 4:6, 6:3, 6:2. Со овој резултат Лина стана првата македонска тенисерка која стигнала и одиграла три натревара во квалификациите на Гренд Слем турнир. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
