Контакт

Домашен

Официјализиран трансферот на Манасков во Веспрем

Објавено пред


Македонскиот репрезентативец во ракомет Дејан Манасков, во петокот, го официјализираше трансферот во Веспрем. Манасков во унгарскиот првак ќе се пресели по завршувањето на сезоната, а со клубот договори едногодишна соработка.

Унгарскиот шампион Веспрем, во петокот, ги промовираше засилувањата за наредната сезона, меѓу кои е и левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков.

Крилниот ракометар по една година во Рајн Некар реши да си замине откако во конкуренција на исландскиот ветеран Валур Сигурдсон не успеа да се избори за соодветна минутажа на теренот, а и пред повеќе од еден месец германскиот клуб на левата крилна позиција го ангажираше и шведскиот репрезентативец Џери Толбринг.

Покрај Манасков Веспрем во петокот го претстави и новиот тренер за сезоната 2017/2018, Љубомир Врањеш кој доаѓа од Фленсбург, како и ракометарите Мануел Штрлек, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Робин Тонесен. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Домашен

Македонските каратисти освоија 17 медали на „Дунав опен 2018” во Виена

Објавено пред

Од

Македонските репрезентативци во традиционално карате освоија вкупно 17 медали: 12 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал на Европскиот фудокан карате куп „Дунав опен 2018” во Виена, Австрија. Златни медали освоија: Дејан Недев во кати-сениори, Емилија Јанчевска во кати и кого-кумите сениорки, Јадранка Недева во кати-постари сениорки, Димитар Витанов во кого-кумите-кадети, Иван Трпковски во ката, кихон и кихон кумите за деца, Димитри Влахо во кихон ипон кумите за деца, Дамјан Таневски во кати и џиу ипон кумите за деца и Иван Трпковски и Дамјан Таневски во енбу м/м. На европскиот куп во Виена учествуваа 13 земји со над 180 натпреварувачи.

Прикажи повеќе...

Daily news

Вардар ќе игра против Сегед или Кил

Објавено пред

Вардар со ремито против Висла 31:31 ги заврши натпреварите во фазата по групи во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата ја освои првата позиција во А-групата со 21 бод, пред Барселона и Нант и директно се пласира во четврт-финалето. Покрај Вардар, осмина-финалната рунда ќе ја прескокне и најдобриот тим во Б-групата, ПСЖ.

Четата на Раул Гонзалес за пласман на завршниот турнир во Келн ќе игра против Пик Сегед или Кил. Унгарците завршија на петтото место во групата во која беше Вардар, а Кил во Б-групата го освои четвртото место.

Осмина-финални двојки во ЛШ:

Монпелје-Барселона
Скјерн-Веспрем
Мешков Брест-Нант
Кристијанштад-Фленсбург
Кјелце-Рајн Некар
Пик Сегед-Кил

Двојки за четврт-финале во ЛШ:

Пик Сегед/Кил-Вардар
Кјелце/Рајн Некар-ПСЖ
Мешков Брест/Нант – Скјерн/Веспрем
Кристијанштад/Фленсбург- Монпелје/Барселона

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во периодот од 18. до 22.април, а возвратните натпревари од 25. до 29.април.

Прикажи повеќе...

Daily news

Вардар во „војна“ со ФФМ и претседателот Илчо Ѓорѓиоски

Објавено пред

Вардар влегува во „војна“ со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) откако беше одбиена жалбата на Академија Пандев за мечот со Шкендија во минатото коло во ПМФЛ.

Шкендија, спротивно на правилата на ФФМ за настап на младински фудбалер (под 21 година) во секое полувреме во ПМФЛ и Купот на Македонија, немаше младински фудбалер на дуелот со Академија Пандев, но нивната жалба беше одбиена.

Известувањето на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост.

Почитувани,

ФК Вардар остро реагира кон ФФМ за одбивањето на жалбата врачена од Академија Пандев и од ФК Вардар во однос на прекршувањето на правилото за настап на младинец (играч под 21 година) во првото полувреме на секој официјален натпревар во ПМФЛ и куп-натпреварите од страна на Шкендија.

Ова е уште еден случај во многуте во кои овие 25 години ФФМ ја засмејува јавноста кога се во прашање нивните одлуки, а особено ова раководство на куќата на фудбалот. „Серијата Династија“ продолжува, само се менуваат главните ликови, 25 години борба за власт, позиции, гласови, а интересот на фудбалот и развојот никој не ги гледа. Сѐ е купено и договорено однапред, никакви правила не важат, за некои клубови има големи отстапки, а некои клубови се гледаат преку нишанот.

Иако Правилникот за натпреварување е сосема јасен и е пишуван од лицата кои раководат со Федерацијата, се осмелија самите да го прекршат и да постапат спротивно на принципите кои сами ги пропишаа т.е. лекторски да го решаваат правилото – срамно! Раководните структури на ФФМ со оваа одлука го направија првенството да биде крајно нерегуларно со цел клубот од Тетово да стане шампион на Македонија. Самата Федерација носи одлука за развој на младинскиот фудбал која понатаму ја толкува како сака и кога сака.

Веројатно со денешната одлука амбицијата на ФФМ е реализирана, но искрено многу боли нивната постапка бидејќи ние во ФК Вардар, како и другите клубови од Македонија,  искрено, спортски и етички настојуваме да оствариме подобри спортски резултати со многу работа, вложувања и трошење на енергија. Но, ФФМ сака првенството да го реши на зелена маса зад затворени врати и на крајно дрзок и безобразен начин. Претседателот на Федерацијата можеше на почетокот на сезоната да нѐ информира дека има за цел по секоја цена да го направи клубот од Тетово првак на Македонија што ќе беше покоректно, отколку на ваков начин да се наруши регуларноста на првенството. Само како надополнување, истото сценарио го спроведоа и минатата сезона кога клубот од Тетово ја направи истата грешка и настапи без младинец, но тогаш оправдувањето на Федерацијата беше дека никој не го пријавил случајот во ФФМ. Толку небулозно и смешно – па, за што е поставен делегатот на натпреварот? Да биде нем набљудувач и соучесник во криминалот на Федерацијата или да се грижи за регуларноста на натпреварот? Што правеше Натпреварувачката комисија кога го регистрираше натпреварот со постигнатиот резултат без да увиди во записникот дека клубот настапил без младинец, согласно со член 10 од дисциплинскиот Правилник на ФФМ.

Непознавањето на статутите и Правилниците повлекува дисциплинска одговорност – или вие не сте запознаени со вашите акти или, пак, така ви одговора, да ги спроведувате согласно со вашите желби или желбите на наредбодавателот ( претседателот на ФФМ ). Во каква ситуација се сега ФК Тиквеш и Академија Пандев како оштетени страни? Јасно е дека воопшто не ви е грижа. Дали се прашал некој во таа Федерација што  по оваа катастрофална и криминална одлука, наместо да се заштитат клубовите кои се обесправени, нашата Федерација ги заштитува клубовите со кои има бизнис и политички интерес.

ФФМ, доста е веќе! 5 години толерираме секакви опструкции во работењето, трпиме судиски неправди, казнети сме на секој можен натпревар, неправди кон нашата навивачка група Комити, во ниту една ситуација, дури и кон надворешни фактори како клуб не сме биле заштитени од нашата матична Федерација, која за жал за едни е мајка а за други е маќеа. Правдата ќе ја бараме и ќе одиме до крај. На второстепена комисија, Управен одбор на ФФМ, арбитражен суд при ФФМ  и секако меѓунароните институции УЕФА и арбитражниот суд во Лозана. Конечно, денес го покажавте вистинското лице, со извинување и почит кон ретки исклучоци на дел од вработените во ФФМ. Кај нас во ФК Вардар е веќе јасно – овој пат нема повлекување, поминати се сите граници, на неколку наврати во минатото сме реагирале на нерегуларностите кои ги сервираа од Федерацијата, но веќе нема. Сега одиме до крај! Добро да се прашаат сите оние кои работат непрофесионално и нечесно, оние кои денес работеа и гласаа по директива на претседатлот и по директиви од политиката – до кога ќе се меша политиката во спортот?

Безусловно бараме целото раководство на ФФМ да си поднесе неотповиклива оставка на чело со претседателот Илчо Ѓорѓиоски и сите комисии при ФФМ да се самораспуштат. ФК Вардар во иднина ќе го бојкотира целосно раководството на ФФМ, како и нашиот настап во првата лига. На кој начин ќе дејствуваме, ќе одлучиме во наредните денови, секако само да не наштетиме дополнително на клубот. Свесни сме дека Федерацијата едвај ќе чека да изрече казна кон ФК Вардар, да му наштети на клубот, на нашиот имиџ и репутација.

Г. Ѓорѓиоски, денес со Вашата одлука јавно застанавте против ФК Вардар и сите  други клубови во Македонија. Само да Ве потсетиме дека никој не е вечен  во фотелјата, а оној кој се свртел против ФК Вардар набрзо му доаѓал крајот. Најмалку е важно кој е спонзор во моментов и кој раководи со најголемиот фудбалски бренд, она што е важно е дека  јавноста и навивачите ќе Ви паметат тоа што им го свртевте грбот на сите клубови освен на еден на кој се додворувате веќе со години.

Важна напомена е секако дека ФК Вардар не сака на ваков начин да си ги зголеми шансите да ја стигне Шкендија на првенствената табела, но мораа во ФФМ и во клубот од Тетово да сфатат дека е исто дали грешката ја направил првиот или последниот на табела и секој ќе мора да си плати за грешката. Грешката во Тетово е направена, но не е платена. Сега останува ФФМ и нејзиниот претседател Илчо Ѓорѓиоски еден ден да ја платат.

Спортски поздрав

ФК Вардар

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери ангажирани оти имале исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија8 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија8 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион9 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија9 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија9 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет9 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија23 часа

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија1 ден

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија1 ден

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие