Контакт

Домашен

Симјановска дисквалификувана во првата велеслаломска трка

Објавено пред

Македонската репрезентативка на Светското првенство во алпско скијање, кое се одржува во Сент Мориц, Лидија Симјановска (16), нема да настапи во второто возење од главната трка, по која ќе биде позната новата светска првенка во велеслалом.

Симјановска, квалификациите во вторникот ги заврши на 46. место од вкупно 75 натпреварувачки, со време од 2:24.92 минути, избори настап во главната трка согласно правилата дека секоја земја може да пријави еден натпреврувач доколку ги завршил квалификациите.

Првото возење во главната трка, Симјановска, го заврши на 82-то место, но судиите на патеката по прегледувањето на снимката од нејзиното возење утврдиле неправилности и донеле одлука да ја дисквалификуваат македонската репрезентативка.

Инаку по првото возење прва е Францусинката Теса Ворли (1:02.01 минути), пред Италијанката Софија Гоџиа и Американката Михаела Шифрин. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Објавено пред

На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.

Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.

Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Прикажи повеќе...

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Трамп повторно ја критикува Британија. „Каков однос е тоа? Тие не беа тука кога ни беа потребни“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Скај њуз дека верува оти е „многу можно“ САД да постигнат договор со Иран...

Македонија15 минути

АВМУ за изјавата на Филипче: Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Венко...

Свет17 минути

Си Џинпинг повика на засилена стратешка координација меѓу Кина и Русија

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, повика на зајакнување на стратешката координација меѓу Кина и Русија со цел да се заштитат...

Спорт21 минута

Арбелоа: Ние сме Реал Мадрид, веруваме во победа во Минхен

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не гледа причина за паника пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против...

Свет22 минути

(Видео) Голем пожар во гаража на BYD во Кина, објавена е снимка

Кинескиот производител на електрични возила BYD потврди дека избувнал пожар во паркинг гаража во индустриски парк во Шенжен вчера наутро....

Спорт28 минути

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут

Тренерот на Борнмут, Андони Ираола, го информирал управниот одбор дека ќе го напушти клубот од југот на Англија на крајот...

Македонија33 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа,...

Свет36 минути

Израелско здружение го пријави Санчез на меѓународен суд: „Тој помага во воените злосторства“

Израелската група за правно застапување побара од Меѓународниот кривичен суд да го гони шпанскиот премиер Педро Санчез за наводно „помагање...

Свет37 минути

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија. Како...