Домашен
Несторовски за Gazzetta:Се надевам дека ќе избориме опстанок
Македонскиот репрезентативец Илија Нестеровски игра брилијантна сезона во дресот на Палермо и доколку тимот од Сицилија успее да избори опстанок во Серија А, заслугите за тоа ќе одат на негова адреса.
Несторовски е автор на девет од 19-те сезонски голови на Палермо, кој во Серија А се наоѓа на 18-та позиција со 14 бодови, осум помалку од Емполи првиот тим во заоната на опстанок.
„Рецепотот за опстанок во лигата е напорна и обединета работа. Јас се надевам дека и наредната година ќе играме во Серија А. Задоволен сум во Палермо и би сакал да останам тука“, изјавил Несторовски за Gazzetta dello Sport.
Македонецот, изминатиот викенд го постигна единствениот гол против Кротоне, со кој Палермо ја забележа првата победа во сезоната пред своите навивачи. Италијанските новинари го споредуваат со легендарниот напаѓач Филипо Инзаги.
„Пипо е икона на италијанскиот фудбал, тој е идол на голем број фудбалери. Доколку постигнам половина од она што го постигна тој ќе бидам задоволен“.
Несторовски проговорил и за соиграчот од репрезентацијата Горан Пандев, кој најголемите успеси во кариерата ги постигна токму во Италија.
„Горна е златно момче на македонскиот фудбал, професионалец од кого може многу да се научи. Остави белег во Серија А. Ние сме одлични пријатели, верувам дека со него оваа генерација може да и донесе многу радости на Македонија“, дополнил Несторовски.
Инаку, Несторовски во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, а како најконкретен во понудата се истакнуваше Наполи. Контроврзниот претседател на Палермо, Зампарини, нема намера да го продаде македонскиот напаѓач за сума помала од 15 милиони евра, со што повеќекратно би заработил бидејќи трансферот на Нестеровски од Интер Запрешиќ во Палермо изнесуваше само 500.000 евра. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.