Домашен
Антиќ и Атланта поразени од лидерот на Истокот
Тринаесет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу средата и четвртокот. Сан Антонио ја забележа петтата победа во низа, Кливленд го декласира Вашингтон, а победи запишаа и водечките тимови на Истокот и Западот, Торонто односно Мемфис, додека Филаделфија остана единствената екипа без победа во лигата.
Перо Антиќ и Атланта загубија од лидерот во Источната конференција Торонто (126:115). Антиќ и на овој натпревар одигра во рамките на својот просек од стартот на сезоната, тој на теренот мина нешто повеќе од 17 минути, постигна 5 поени (2/2 за еден, 0/1 за два, 1/2 за три), а имаше и 3 скока и една асистенција.
Ал Хорфорд со 23 поени беше најефикасниот играч на Атланта, додека Демар Дерозан со 27 поени беше еден од седуммината кошаркари на Торонто кој постигнаа двоцифрен број на поени.
Ману Џинобили го предводеше Сан Антонио до победата над Индијана (106:100). Аргентинецот постигна 28 поени, што за него е најдобриот кошгетерски учинок од стартот на првенството.
Кливленд, во дербито на Истогот, го прегази Вашингтон со 113:87. Леброн Џејмс беше лидер на тимот со 29 поени, 10 скока и 8 асистенции.
ЛА Лејкерс забележаа уште еден пораз, во Лос Анџелес победата ја однесе лидерот на Западот Мемфис (93:99). Коби Брајант постигна 22 поени (5/15 од поле), додека Мемфис го предводеа Марк Гасол и Мајк Конли со по 19 поени.
Бруклин ја совлада Филаделфија со 99:91: Џо Џонсон постигна 21 поен во победата на Нетси, додека Филаделфија го забележа 15-от пораз од почетокот на сезоната.
Стефон кари ја потврди одличната форма, со 28 поени тој го предводеше Голден Стејт до победата над Орландо (111:96).
Далас по продолжението славеше над Њујорк (109:102), натпреварот во регуларното време заврши со резултат 95:95. Тајсон Чендрлер со 17 поени и 25 скока, односно Дирк Новицки со 30 поени го предводеа Далас, а во отсуство на повредениот Кармело Ентони кај Њујорк се истакна Хозе Калдерон со 21 поен и 10 скока.
На другите натпревари: Портланд победи во Шарлот (97:105), Клиперси славеа во Детроит (98:104), Минесота загуби од Милвоки (86:103), Хјустон го совлада Сакраменто (102:89), а Феникс со победата од 120:112 ја прекина серијата од шест победи во која се наоѓаше екипата на Денвер. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.