Домашен
Арбитражниот суд на ФИБА ќе решава за смена на Димевски
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Даниел Димевски ја отфрли иницијативата за свикување на вонредно собрание, со која 22 клуба бараат негова смена. Според првиот човек на Македонската кошаркарска федераија (МКФ), иницијативата која ја поднесе Огнен Дедиќ и која поддршка доби од 22 клуба, не била во согласност со актите на Федерацијата и на ФИБА.
Даниел Димевски информира дека валидноста на поднесената иницијатива за свикување на вонредно собрание со кое се бара негова смена била предадена на надлежниот Спортско арбитражен суд (САС) кој ќе ја утврдува валидноста и законитоста на иницијативата преку своја постапка и извршна одлука.
„МКФ, согласно Член 36 од Статутот, на 21.02.2015 година одржа редовно годишно собрание каде члениките едногласно ги усвоија сите извештаи за работата на МКФ во изминатата година. Бидејќи во поднесокот со “Иницијативата”, се наведуваат имиња на клубови, кои само четири дена претходн јасно и недвосмислено ја искажаа довербата кон претседателпт на МКФ и работата на МКФ, едногласно прифаќајќи ги сите извештаи за 2014 година, низ постапката што ќе ја врши надлежен и независен орган, во согласност со актите на ФИБА, ќе се утврди што се случило во тие четири дена и кој, зошто и на каков начин се обидува да го руши системот и актите на МКФ и ФИБА“, вели Димевски.
Претседателот на МКФ најави дека во зависност од пресудата на САС ќе бидат превземени и наредните чекори, но како што рече каква и да е одлуката на САС ќе биде орагнизирано изборно собрание по завршувањето на Европското првенство.
Поради чуствителноста на целиот случај, Димевски најави дека се додека не стигне одлуката од САС тој ќе се повлече од сите тела на федерацијата кои ги третираат лигите и натпреварувањата.
„Заради мојата обврска да го чувам интегритетот на МКФ, од моментот на одлука на САС, до евентуалното Собрание и секако до следното изборно Собрание на МКФ, јас се изземам од сите тела на МКФ кои ги третираат лигите и натпреварувањата, за никој да не помисли или да се поспмнева, ниту пак да шпекулира, дека со било каква моја активност ќе влијаам врз регуларноста на натпреварувањата.“, рече Димевски. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.