Домашен
Еуробаскет: Прва победа за Македонија – видео
Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство, откако во второто коло во Ц групата славеше над Холандија со 78:71 (19:20, 24:11, 13:18, 22:22). Македонија со оваа победа си ги направи реални шансите за пласман во втората фаза на Евробаскетот.
Македонија против Холандија одигра одличен меч во сите сегменти, одбраната беше доволно цврста и подвижна, а нападот организиран и трпелив, исклучок беше скокот, бидејќи Холанѓаните ја добија битката под обрачите 42/29.Холандија подобро влезе во мечот, стекна предност од 2:7 по четири минути игра, а Македонија првото водство го имаше во осмата минута кога Симоновски погоди тројка за 13:11. Израмнетата прва четвртина во која Холандија доминираше во скок играта, а Македонија го имаше расположениот Хендрикс заврши со поен предност за ‘лалињата’ 19:20.На почетокот на вториот период Македонија го засили ритамот, проработи шутот за три поена и во 26. минута по тројките на Костоски (две) и Дамјан Стојановски ‘црвено-жолтите’ стигнаа до предност од осум поени 24:32.Во тој момент Македонија ја најави победата над незгодните Холанѓани, кои во првото коло ја изненадија фаворизираната Грузија.Капитенот Илиевски погоди за два поена во 17. минута кога Македонија првпат стекна двоцифрена предност 36:26.Ударите за три поена беа главното оружје на Холандија во третата четвртина (погодија три од четири обиди), но во нашиот тим се разигра Бојан Трајковски кој беше ‘тивок’ во првото полувреме и не дозволи предноста на Македонија да падне под пет поени.Седум поени предност имаше Македонија на почетокот од последниот период, во завршницата таа изнесуваше и 15 поени.Предноста на Македонија во последните четири секунди изнесуваше 11 поени (78:67), но тогаш Ѓуровски без причина направи неспортска лична грешка, а Холандија од таа глупост профитираше со четири поени за конечни 78:71.Капитенот Илиевски со 14 поени и 7 асистенции ја предводеше Македонија, а двоцифрен број поени постигнаа уште четворица играчи, Трајковски и Костоски постигнаа по 13, Војдан Стојановски 11, а Хендрикс 10 поени.Наредниот меч Македонија ќе го одигра во вторник, на 8. септември од 21 часот против домаќинот Хрватска./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.