Домашен
ФФМ донираше опрема на 114 екипи во младинските конкуренции
Фудбалската федерација на Македонија во вторникот соопшти дека им донираше спортска опрема и фудбалски топки на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).
Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на повеќе од 100 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.
„Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина. Доколку сегашноста им припаѓа на денешната генерација фудбалери, нема дилема дека нашиот влог и заложба ќе се движат во насока на развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера“ рече претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Секој од 114-те клубови кои примија донација имаат по 20-ет комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и по 15-ет ЈАКО фудбалски топки.
„Ова е одлична работа, многу сме задоволни од опремата која ја добивме, посебно од фудбалските топки. За сите младински тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија од името на ФК Вардар“, изјави Кристијан Ристески, координатор на млади категории.
Голема благодарност, добивме значајна донација во опрема и топки од Фудбалската федерација. Се надевам дека и ние преку начинот на кој го негуваме фудбалот од најмали нозе придонесуваме да се подигне квалитетот. Се надевам дека и во иднина ќе ја добиваме потребната поддршка од Федерацијата која е значајна за нас и за младите деца кои тренираат фудбал, вели Наумче Љамчевски, ФК Пелистер.
Ни претставува задоволство што денеска примивме опрема и топки за потребите на ГФК Гостивар. За нас ова е многу значајно, за прв пат добивме квалитетна опрема за сите младински категории. Се надевам дека во иднина ќе соработуваме и на други полиња со цел да придонесеме за развој на младинскиот фудбал во целата држава, изјави Ерџан Менга од ГФК Гостивар. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.