Контакт

Домашен

Ѓуровски ги врати Давид Бабунски и Георгиевски во репрезентацијата

Објавено пред

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски натпревар со селекцијата на Словачка, кој во Скопје ќе се одигра на 15.ноември.

dobivaj vesti na viber

Ѓуровски во подолго време во А селекцијата ги врати Даниел Георгиевски и Давид Бабунски, додека на списокот од 20 фудбалери само двајца (Ацо Стојков и Никола Глигоров) настапуваат во домашното првенство.

„Од списокот отпаднаа некои играчи, играчи кои се во овој момент во втор план и мислам дека за нив е подобро да останат во клубовите, а има некои играчи кои се префрлени во младата репрезентација (Радески и Дарко Велковски). Сметам дека во овој момент овие 20 играчи се во најдобра форма и дека ќе можат да одговорат на поставените задачи против Словачка“, рече на прес конференцијата селекторот Ѓуровски.

Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано една победа (Луксембург) и два порази (Шпанија, Украина), од друга страна Словачка во Скопје ќе допатува како лидер во квалификациската група со три победи (Украина, Шпанија, Белорусија) од исто толку одиграни натпревари.

„Словачка е екипа со извонреден напаѓачки ред. Можеби досега не играа атрактивно, но беа многу ефикасни. Играат дисциплинирано, организирано се бранат и се многу опасни во контранападите, мое мислење е дека така ќе играат и против нас. Ние треба да одиграме храбро и паметно и да ги искористиме нивните слабости, се разбира дека и тие имаат слабости во играта. Имаме две недели да поработиме на тактиката и се надевам дека ќе оствариме добар резултат“, дополни Ѓуровски.

Селекторот на репрезентацијата по подолго време во тимот ги врати Даниел Георгиевски, кој сезонава се врати во Австралија, настапува во Мелбурн и младиот Давид Бабунски.

„Георгиевски беше стандарден во репрезентацијата, но сега има клуб игра добро во Мелбурн и тоа по левата страна, сметав дека е добро Ристовски да добие конкуренција на левата бековска позиција. Сакам да видам како двајцата ќе се однесуваат, и едниот и другиот имаат добар потенцијал. Георгиевски сега е во натпреварувачки ритам и претходно не го повикував бидејќи немаше клуб и не беше во форма. Давид Бабунски го гледав на мечот на младите репрезентации на Македонија и Романија и тој одигра добро. Тој е играч кој може да реши ситуација еден на еден и доколку добие шанса тој квалитетотот ќе го покаже. Ова е еден вид на награда за добро одиграниот натпревар против Романија“.

Подготовките за мечот со Словачка македонските фудбалери ќе ги започнат на 10.ноември, кога е закажан првиот собир, до натпреварот Ѓуровски со повиканите играчи ќе одработи четири тренинзи. Натпреварот ќе се одигра на 15.ноември (20:45 часот) на „Филип Втори“ во Скопје.

Списокот на Ѓуровски за натпреварот со Словачка:

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Мартин Богатинов (Ермис, Кипар)

Одбрана: Стефан Ристовски (Парма, Италија), Даниел Георгиевски (Мелбурн, Австралија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија), Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија)

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо З, Хрватска), Никола Глигоров (Вардар), Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија), Александар Трајковски (Цулте Варегем, Белгија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Аце Стојков (Работнички)

Напад: Адис Јаховиќ (Крилја Советов, Русија), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Мирко Ивановски (Клуж, Романија). крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија12 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија14 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија16 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија17 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија18 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет19 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија19 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет19 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија19 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет20 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...