Домашен
Ѓуровски го објави списокот за Белорусија и Австралија
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, го објави сисокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар со Белорусија на 27.март во Скопје и пријателскиот меч со Австралија кој ќе се одигра три дена подоцна.
Предводникот на националниот тим меѓу повиканите има шестмина фудбалери кои настапуваат во домашното првенство, а повик добија и Урош Матиќ, кој доколку добие дозвола од ФИФА ќе дебитира за репрезентацијата, односно младиот репрезентативец Енис Барди кој игра во добра форма во унгарски Ујпешт. Во националниот тим селекторот ги врати Марио Ѓуровски и Ферхан Хасани.
„Ќе го смениме стилот на игра. Лани пробавме со класични центарфори и не сум задоволен од нивните игри. Сакам да играме со многу движење, да бидеме мобилни, а во нападот ќе играме со ниски играчи. Оваа игра што ја барам е многу подвижна, треба да имаме длабочина во играта“, рече слекторот.
Ѓуровски дополни дека средбата сои Белорусија е клучна за иднината на репрезенатцијата.
Списокот на Ѓуровски за мечевите со Белорусија и Австралија
Голмани: Томе Пачевски (Вардар), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), Мартин Богатинов (Ермис)
Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена) , Бојан Марковски (Аја Напа), Даниел Георгиевски (Мелбурн), Дарко Велковски (Работнички), Кире Ристовски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина)
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Урош Матиќ (Бреда), Артим Положани (Шкендија), Енис Барди (Ујпешт), Александар Трајковски (Зулте Варегем), Марио Ѓуровски (Муантонг), Ферхан Хасани (Брондби), Благоја Тодоровски (Шкендија), Маријан Радески (Металург), Агим Ибраими (Марибор)
Напад: Дејан Блажевски (Вардар), Крсте Велковски (Сараево), Бесарт Абдурахими (Локерен). крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.