Домашен
Иџе: ЕП на кружни патеки е предзвик исто како и „Златната кацига“
Старо-новиот европски шампион на ридски патеки, автомобилистот Игор Стефановски – Иџе, кој доминантно, со десет победи на 12 трки, ја одбрани титулата, во средата имаше прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС), каде се сретне со директор Марјан Спасески.
„Ова е дефинитивно најдобрата сезона во мојата кариера. Огромен успех се десетте победи, на 12-те трки. Поставив девет рекорди на патеките што не е забележано во категоријата 1. Претпоставувам дека ги оправдавме очекувањата на нашите фанови. Направивме македонското знаме да биде препознатливо на сите тие настани. Се надевам дека по сиве овие успеси ќе успееме да ѝ донесеме на Македонија и една светска титула“, рече Иџе.
Двете титули на ридските патеки не минаа незабележително во ФИА, од каде Иџе доби покана од наредната сезона да учествува Европскиот шампионат на кружни патеки, кој штое најголем во тој ранг, а чии трки се пренесуваат во живо на познатиот спортски канал Eurosport. Настапот во овој шампионат се еден вид влезница за учество во светскиот шампионат.
„Тоа е посериозно првенство во секој поглед, логистиката е посериозна. Според некои математики што ги правевме, за учество ќе бидат потребни меѓу 250 до 300 илјади евра. Тоа е многу за наши услови, а станува збор за една минимална сума. Постои надеж дека ќе собереме финансии и ќе учествуваме во тој шампионат“, рече автомобилистот.
Крајниот рок до кога Иџе треба да го потврди учеството во европскиот шампионат на кружни патеки е 15-ти декември.
„Поканата е добиена по сите мои успеси и резултати. ФИА ги следи внимателно ридските трки. Јас сум веќе препознатлив таму, добив честитки од високи функционери во ФИА, но поканата треба да се потврди до крајот на годината. Во тоа првенство е ограничен бројот на натпреварувачи и доколку е обезбеден бројот на натпреварувачи потоа не може да се влезе“, појасни Стефановски.
Доколку не успее да обезбеди финансиски средства за настап во Европскиот шампионат на кружни патеки, тогаш Иџе и наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на ридски патеки и ќе се обиде да ја освои „Златната кацига“, која му се доделува на оној возач кој во три сезони последователно ќе ја освои титулата.
„Последно пред 11 години се случи некој да ја одбрани титулата , а никој не успеал во три последователни сезони да освои три титули. Нико Пулиќ од Хрватска осовил три титули но не едно подруго, јас би сакал ние да го направиме тоа, а награда би била ‘Златната кацига’, најголемото признание во автомобилизмот. Ќе повторам, за ова првенство сме и повеќе од подготвени, но јас би сакал да се испробаме во Европскиот шампионат на кружни патеки кој е многу поатрактивен“, рече Иџе.
Иџе, според критериумите на АМС е спортист од светска категорија, тој и во наредните следните четири години ќе добива паричен надомест во висина од две просечни плати, а по завршувањето на кариерата ќе го потврди националното спортско признание и до крајот на својот живот ќе добива паричен надоместок во висина на една просечна плата./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.