Домашен
Иџе: Победата е императив во Полска
Најдобриот македонски возач Игор Стефановски – Иџе и бранител на титулата европски шампион со триумф сака на шестата трка од европскиот шампионат на ридски патеки која ќе се вози во Лиманова, Полска, да го избрише второто место освоено пред две седмици во Чешка.
Македонскиот автомобилистички ас, Игор Стефановски – Иџе ја продолжува европската одисеја со шестата трка со којашто ќе биде комплетиран првиот дел од Европскиот шампионат на ридски патеки, која викендов ќе се вози во Лиманова на југот на Полска. Досега, Иџе победи во Франција, Австрија, Шпанија и во Португалија, а беше втор на последната трка во Чешка. Таа трка на бранителот на европскиот трофеј му донесе само 18 поени и затоа мора да оди на сé или ништо во Полска. По првиот дел од сезоната и извозени шест трки во генералниот пласман се сметаат најдобрите пет резултати. и тоа е причината поради која Иџе во Лиманова стреми кон највисокото скалило од подиумот.
„Ова е многу важна трка за мене. Со победа ќе го елиминирам второто место Чешка и ќе ја задржам пол позицијата за повторно освојување на европската титула. Во групата А, каде што вози мојот најголем конкурент за триумф во генералниот пласман Чехот Јаромир Мали, нема голема конкуренција и очекувам негова сигурна победа. Затоа, немам други опции освен да одам на триумф во Полска“, вели бранителот на европската титула Стефановски.
Иџе во моментов е водечки во генералниот пласман со 118 поени, а Мали има 86 бода и го очекува голема битка за одбрана на пехарот. Во неговата група Н ќе повторно најголем конкурент ќе му биде Чехот Јири Лос, а дополнителен проблем може да биде и дождот кој е најавен за викендот во Полска.
„Патеката е многу лизгава. За викендот се најавени врнежи од дожд, а тоа значи дека ќе морам да се бидам максимално концентриран на патеката. Едно мало невнимание може да вбиде кобно. Лани во Полска од Чешка дојдов со изудирано возило и на оваа патека имав пех да ми откаже моторот. Сега се е во најдобар ред со возилото и се надевам дека овојпат нема да бидам така малерозен. Возилото би требало да ги издржи предизвиците и сметам дека можам да го освојам првото место“, додаде Иџе.
Лиманова е релативно нова ридско-брзинска трка. Ова е нејзино седмо издание, а по втор пат се најдоа на календарот за Европскиот шампионат. Патеката е долга 6.200 метри, натпреварувачите ќе имаат по две возења, а за пласман се смета збирот од двете постигнати времиња./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.