Домашен
Историски ден за мак фудбалот, пехарот на Суперкупот пристигна во Скопје
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и директорот на АД За стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, во средата, на прес- конференција го промовираа пехарот кој го добива победникот на европскиот Суперкуп.
ФФМ и Националната арена „Филип Втори“, во вторникот од УЕФА ја добија довербата во 2017 година да го организираат натпреварот во Суперкупот, натпревар во кој се среќаваат освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа.
„Историски ден за македонскиот фудбал, откако Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука Скопје да биде домаќин на Суперкупот во 2017-та. Инспирирани сме од патот по кој оди УЕФА под водство на Мишел Платини, бидејќи во секоја одлука гледаме посветеност кон фудбалот и почит кон сите членки без оглед на нивната големина или финансиска влијателност. За мак фудбалот ова е голема одговорност и чест. За кандидатурата имавме максимален консензус од Владата на РМ и државните инситуции и градот Скопје. Заеднички донесовме настан којшто е најголем во самостојна Македонија. Овој настан ќе ни донесе промоција и други краткорочни и долгорочни користи за нашата земја, за економијата и за нашиот фудбал. Среќни сме што УЕФА ни ја даде довербата да бидеме организатори на еден настан коишто го следат милиони луѓе низ целиот свет. Македонија и македонскиот фудбал повотрно ќе биде извор на гордост на нашиот народ“, рече претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски.
Првиот човек на ФФМ одговарајќи на новинарско прашање рече дека за две години, во Скопје би сакал да види екипи од Германија и Англија. Ѓорѓиоски информираше дека ФФМ ќе биде присутна на Суперкуп натпреварите оваа година во Тбилиси, Грузија и Трондхајм, Норвешка, каде ќе собира искуства околу организацијата.
Добивањето на организацијата на Суперкуп натпреварот носи голема одговорност, но и работа на отстранување на сите недостатоци на Националната арена „Филип Втори“, кои УЕФА веќе ги има нотирано.
„Во изминатиот период ние како Влада и ресорно министерсто, заедно АД за стопанисување на станбен и деловен простор вложивме оргомни напори и сретства за да ја донесеме до оваа фаза Националната арена. Ќе продолжиме и понатаму да градиме се додека овој спортски храм не го добие изгледот кој го зацртавме. Остануваат да се довршат инфраструктурни уредувања кон пристапот на Источна и Западна трибина, ќе биде изграден соодветен паркинг простор, онака како што налагаат критериумите на УЕФА, комплетирање на фасадата, уредување на пристапниот простор околу арената, реконтрукција на ВИП ложите, ќе биде интервенирано и во поддрибинскиот простор, собата за прва помош, системот за осветлување, реконструкција и доизградба на просдторот за медиуми, нова организација на микс зоната со простории за телевизиски студија, изработка на комплетен план во случај на евакуација…Контроли од УЕФА ќе следуваат во наредниот период, па поради тоа ние ќе формираме едно кординативно тело кое ќе ги решава забелешките кои ќе пристигнуваат. “рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој информираше дека досега во арената „Филип Втори“ се вложени 63 милиони евра.
Директорот на АД За стопанисување со станбен и деловен простор најави дека во периодот што следува повторно ќе се интервенира врз подлогата на теренот на „Филип Втори“.
„Теренот како терен е жива материја и нормално е да подлежи на реконструкција. Големите фудбалски градови, односно големите фудбалски центри еднаш годишно вршат целосна реконструкција на теренот, значи дека целокупниот бусен се менува еднаш годишно. Ние поради финансиските средства гледаме да го реконструираме делот каде што бусенот е најмногу оштетен, но доколку има потреба до 2017 година теренот ќе биде доведен во максимална состојба, на потребно ниво каде што нема да има простор за никакви забелешки“, рече Грозданов./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.