Домашен
Јуначка победа на македонските кошаркари над Белгија
Подмладената и целосно ремонтирана машка кошаркарска репрезентација и покрај дефицитот во поголемиот дел од мечот, на крајот успеа со храбрата тројка на Марко Симоновски да ја совладаат во продолжението со 76-73 (16:19,7:17,22:13,17:13,14:11) фаворизираната Белгија во премиерниот меч од квалификациите за Евробаскетот 2015.
Најефикасни во македонската селекција беа Бојан Трајковски и Војдан Стојановски кои постигнаа по 16 поени, а кај гостите најдобар беше Хервел кој постигна 15 поени во првото и само два во второто полувреме, што само дополнително го засилува впечатокот дека селекторот Александар Џикиќ успешно ги распореди силите на македонските репрезентативци, според нивниот психофизичка кондиција.Се чини дека тремата најмногу им даде шанси на Белгијците кои супериорно го започнаа натпреварот, но сепак не поседуваат толкава разлика во квалитетот, којашто македонските репрезентативци со поангажирана игра во вториот дел успеаја да го надоместат дефицитот од 13 кошеви на полувремето. Па дури и доколку во завршните неколку минути од мечот данокот не го зема физичкиот напор вложен во „бркање“ на резултатот во второто полувреме, се чини гостите немаше да ги добијат неколкуте шанси да го „спасат“ мечот.Почетокот на натпреварот мина во знакот на гостинските кошаркари, кои поведоа со за тројката на М’вема, а откако Македонија врати преку двата поена на Војдан Стојановски, следуваше серија на гостите за зголемено водство на шест поени 11:17, а до крајот на првата четвртина македонските кошаркари успеаја да намалат на 16-19.Втората четвртина повторно почна со супериорна игра на Белгија, која со серија од 0-9 го зголеми водството 16-28. Во тој период Џикиќ се обиде со ротации да ја разигра екипата, но попусти беа сите обиди да се најде вистинската петорка. Истовремено, не функционираше ниту скокот, па на полувремето се замина со резултат од 23-36 за Белгијците.Македонските кошаркари жестоко го започнаа третиот дел и со четирите поени во низа ја намалија двоцифрената предност на противникот, а профункционира и одбраната што ги изненади белгиските кошаркари коишто дотогаш без големи напори доаѓаа од позиции за отворен шут или за комбинирање во домашниот рекет. Преку Хендрикс, Стојановски и Трајковски македонската селекција намали на 35-38. Сепак на крајот на третиот периодот водството повторно го имаше Белгија со 45-49.Четвртиот период го започна тројката на Симоновски за 48-49 од што затреперија и рацете на младите македонски репрезентативци па не успеаја да реализираат четири напади за преземање на водството, но за среќа ниту кошаркарите на Белгија тоа не успеаја да го искористат и повторно резултатски позначајно да се одлепат. Трајковски со погодок за три поена, го донесе резултатот на 54-56, а по двете погодени слободни фрлања и уште два поена од следниот напад Македонија на 3:43 минути пред крајот дојде до првото водство од 58-56.Во последните минути се одигра вистинска спортска драма во која беше отворено прашањето на победникот. Откако Мукубу преку слободни фрлања израмни на 58-58, а Костоски беше храбар и погоди за три поена за најголемо водство на Македонија од 61-58. Де Зеув со серија од четири поени донесе повторно водство за Белгија 62-61, а Војдан Стојановски израмни со едно погодено слободно фрлање на 62-62. Во рулет завршницата Белгија гне поентираше во последниот напад и на шест секунди до крајот Стојановски не успеа од положување од очигледно неговата послаба лева страна да го реши дуелот во регуларниот тек.Петминутното продолжение започна со повторно едно погодено слободно фрлање на Војдан Стојановски, но Трајковски погоди тројка. Белгијците возвратија исто така со тројка ни и со реализација на две слободни фрлања, па поведоа со со 66-67.
Во вториот дел далеку порасположениот Хендрикс, особено во маркирањето под кошот донесе ново водство за Македонија од 68-67, а откако Трајковски го блокираше Мукубу, Костоски не успеа да донесе зголемување на предноста. Тоа му успеа на Дарко Соколов со дрска тројка кој го качи резултатот на 71-69, но по грешката на Соколов во одбраната, Белгија израмни на 71-71. Истиот играч, нови ново македонско водство од 73-71, а Боско повторно израмни на 73-73. На 21 секунда до крајот македонскиот селектор Џикиќ бараше од своите играчи да го потрошат времето за последен шут, а Марко Симоновски стана јунак на мечот со тројката за 76-73 и, како што се покажа, по неуспешниот обид на гостите да возвратат со иста мерка, за победа која многу ќе значи за самодовербата на македонските кошаркари, кои на крајот покажаа дека спортската јавност треба да има доверба во нив и трпение во нивното созревање и како играчи и како екипа.Во среда Македонија гостува кај Данска, а потоа се уште две врзани гостински натпревара во Белорусија и во Белгија. Во вториот дуел од нашата Група Д за Евробаскетот 2015, Белорусија со 97-72 на домашен терен ја совлада Белгија./крај/мф
Извор: (Фотографија: Нова Македонија – Маја Јаневска Илиева)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.