Домашен
Катастрофална игра и победа над Луксембург
Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Луксембург со 3-2 (1-2) во квалификациите за пласман на ЕУРО 2016. Македонските фудбалери одиграа очаен натпревар, а до победата стигнаа со прекрасниот гол на Абдурахими постигнат во 92.минута.
Безидејната македонска репрезентација, во првото полувреме не успаеа да одигра ниту една конкретна акција, избраниците на Ѓуровски не успеаја да се приближат на повеќе од 20 метри од голот на противникот.
Единствено што вреди да се спомене од првоот полувреме се двете соло акции на Трајковски, во првата по 10 минути игра од 18 метри биеше крај голот на Жубер, во втората во 20.минута успеа да ја погоди мрежата на Луксембург.
По голот на Трајковски, Луксембуржаните целосно ја презедоа играта, трпеливо ги градеа акциите, максимално корситејќи ја конфузијата во сите линии на македонската репрезентација.
Бенси израмни во 40.минута со убав гол од слободен удар. Израмнувачкиот гол дополнително ги шокира македонските репрезентативци и само 120 секунди подоцна Турпел, го искористи додавањето на Бенси и без проблеми го матираше Пачовски.
На полувремето пет илјадната публика со свирежи ги испрати македонските репрезентативци во соблекувалната.
На полувремето Ѓуровски направи две измени, изненадувачки Ибраими остана во соблакувалната, а со него и Цуцули, а во игра влегоа Абдурахими и Алиовски. Влегвањето на овие двајца, а нешто подоцна и на Јаховиќ, малку ја раздвижија играта на Македонија, иако и понатаму ‘црвено-жолтите’ имаа проблеми во организацијата на нападите.
„Сакав да започнам со Муарем кој е добар техничар, претпоставував дека во првото полувреме тие ќе се бранат, ми требаше играч кои знае да подаде топка и да ја смири играта. Се плашев да не го загубам Абдурахими ако заигра од почеток бидејќи нему му е потребен простор. Муарем не одигра како што посакував, но на крајот победивме тоа е најважно. Свесно ги оставив Абдурахими и Јаховиќ на клупата. Подоцна кога губевме со 1-2 и кога израмнивме свесно ја поставив формацијата 4-2-4, со Абдурахими, Јаховиќ, Костовски и Трајковски во нападот“, рече македонскиот селектор Бошко Ѓуровски веднаш по натпреварот.
Добри шанси за израмнување имаа Мојсов, Абдурахими и Ристовски, а во 65.минута Абдурахими избори пенал, кој во гол и израмнување го претвори Јаховиќ.
За мене тоа не беше пенал, ги предупредив моите играчи дека тоа може да се случи. Примен гол на ваков начин остава горчлив вкус“, рече селекторот на Луксембург, Лук Холц.
По израмнувачкиот гол Луксембург повторно ја презеде контролата врз играта, но на првата вистинска шанса се чекаше до 80.минута кога Јаховиќ од пет метри го префрли целиот гол.
До крајот Луксембург два пати се обиде преку Девил, но неговите удари завршија крај голот на Пачовски.
Во моментите кога се очекуваше крај на натпреварот, Абдурахими прими една топка на левата страна и непречен од никого со десната нога го погоди спортвниот агол од голот на Жибер.
Македонија по две кола има три бода, а следниот меч ќе го одигра веќе в недела во Лвов против Украина. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.