Домашен
Кошаркарските репрезентативци се собраа, но не тренираа
Кошаркарските репрезентативци на Македонија се јавија на првата прозивка на новиот селектор Александар Џикиќ, но откако дадоа изјави за медиумите, си заминаа од Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што во вторникот започнаа подготвките на националниот тим за квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2015 година.
Во понеделникот, Здружението на кошаркари на Македонија (ЗКМ), со писмо ја информираше јавноста дека играчите нема да се појават на првата прозивка на селекторот, незадовли од одлуката на клубовите, од следната сезона во домашното првенство во секој клуб да можат да настапуваат по шестмина странски кошаркари.
„Додека траеше првенството во Македонија, неколкупати повикувавме на јавна дебата од страна на клубовите, повикувавме на соработка, побаравме разбирање од луѓето одговорни за кошарката, па и од оние кои ја потегнаа иницијативата, но не немаше разбирање. Никаков ефект не постигнавме, поради тоа наше размислување беше во моментот кога се собира репрезентацијата, уште еднаш, за последен пат, да се обидеме да направиме, да не кажам притисок, туку да се обидеме да кажеме јавно што мислиме ние за правилото.
Во понеделникот беа направени неколку состаноци во Федерацијата, на коишто дојде до забуна дека ние играчите сакаме да штрајкуваме и да бојкотираме. Никој не сака да ја бојкотира репрезентацијата, особено во овој период кога доаѓа време кога треба да се докажеме и да играме за репрезентацијата, но нашето мислење е дека доколку правилото не се смени сега, никогаш нема да се смени.
Тука сме сите, сложни сме и ќе се обидеме со помош на Федерацијата да го решиме ова прашање.
За тоа ќе разговараме во текот на деното со Федерацијата со селекторот, на кого му благодариме за поддршката. Повеќе не можам да кажам, тоа ќе биде коснаттирани во текот на денот, најдоцна до среда“, рече кошаркарот на МЗТ, Александар Косотоски.
Од ЗКМ напоменаа дека тие во најскоро време бараат да се сретнат со оние кои го предложија правилото, за проблемот да биде решен, потсетувајќи дека насекаде низ Европа, во националните шампионати е ограничен бројот на странски играчи кои настапуваат во клубовите.
„Ние како Здружение бараме што поскоро да се состанат прволигашите, да се разговара со Федерацијата, таму да имаме наш преставник за да знаеме за што точно ќе се разговара. Ние никогаш не сме учествувале на тие претходни средби, не знамеме за што се разговарало во врска со бројот на странски кошаркари. Сакаме да се отвори дебата во Федерацијата и што поскоро да се реши проблемот. Ние не сме за ограничување на бројот на странците, доколку клубовите имат пари нека имаат и по десет странски кошаркари. Ние бараме да се ограничи бројот на странци во домашното првенство, клубовите сакаат краткорочно да направат успех на меѓународната сцена, ние сакаме да го заштитиме домашното првенство. Секаде во Европа е ограничен бројот на странци во националните првенства“, рече Ѓорѓи Чековски.
Разбирање за кошаркарите, иако целосно не бил запознаен со проблемот, искажа и новиот македонски селектор Александар Џикиќ.
„Тоа не зависи од нас, во групата има уште три репрезентации. Тоа не зависи од мене и од овие момци, каква и да биде нивната одлука. Постојат играчи кои направија многу за македонската кошарка, играчи кои ја сменија историјата, играчи кои помагале и уште помагаат. Ова ќе се реши, нема тука некоја голема филозофија. Ова е манифестација дека овие луѓе овде имаат ј…а, дека се грижат и работат за своите интереси. Јас не ги знам сите детали, но доколку тие само не се заштитат кој ќе го стори тоа? Се менува едно правило кое е исклучително важно, јас се согласувам со луѓето кои говореа пред мене“, рече селекторот.
Исто така, кошаркарите добија поддршка и од претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димески, кој побара репрезентацијата која е светост за секој играч да не се меша во ова прашање.
„Репрезентацијата не е местото каде треба да се решава овој проблем. Побарав време, бидејќи станува збор за спротивставени ставови. Јас ќе стојам зад играчите, ќе се вложам себеси за да се реши проблемот. Се согласувам дека преголемиот број на странски играчи ќе има далекусежни последици и поради тоа треба да најдеме начин ова да биде решено. Ќе бараме средба со сопственците на клубовите бидејќи мора да ги заштитиме домашните. До септември мора да биде решен проблемот. Уште еднаш би апелирал до играчите кои јавно го искажаа своето мислење, во ова да не ја мешаат репрезентацијата. Ова прашање ќе мора да се решава на Собранието на клубовите“, истакна претседателот Димески./крај/мф/нц
Извор: makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.