Контакт

Домашен

Македонија напредуваше за шест места на ФИФА листата

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за шест места на најновата ранг листа која Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави во четвртокот.

Македонија во споредба со противниците во квалификациите за пласман на ЕП во 2016 година, има подобар рејтинг Луксембург и Белорусија. Луксембург напредуваше за 11 места на листата и сега се наоѓа на 108-та позиција, додека Белорусија за наоѓа на 81-то место.

 

Шпанија е на осмото место, што преставува пад за седум места откако ’црвената фурија’ не успеа да ја одбрани титулата на Мундијалот во Бразил. Украина назадуваше шест позиции и сега се наоѓа на 22-то место, додека Словачка е на 46-то место.

 

На врвот на ФИФА листата се искачи Германија, благодарение на светската титула, додека второто место е резервирано за финалистот од последниот Мундијал, Аргентина. Холандија ’скокана’ за цели 12 места е веднаш зад Германија и Аргентина, Колумбија е четврта, а Белгија петта.

 

Во Топ 10 на ФИФА листата уште се наоѓаат Уругвај, Бразил, Шпанија, Швајцарија и Франција. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

На државното првенство во скајранинг поставен нов рекорд на патеката на Титов Врв

Објавено пред

Во организација на планинарскиот клуб „Македон“, вчера (28 јуни) се одржа второто издание на планинската (скајранинг) трка „Титов Врв скајрејс“ на Шар Планина, воедно и државно првенство во скајранинг за 2020 година.

Ова е највисоката трка во Македонија на која натпреварувачите поаѓајќи од Попова Шапка го искачуваат Титов Врв 2.747 мнв и се враќаат назад, притоа совладувајќи дистанца од 20 километри и 1.900 висински метри по стрмен и каменест терен.

На трката учествуваа лимитиран број натпреварувачи (вкупно 47) со цел да се запазат мерките за заштита од Ковид-19, а беа постигнати одлични резултати.

Во машка конкуренција победник е Дејан Ангелоски со време 2 часа 39 минути, што претставува нов рекорд на патеката, на второто место се пласира Александар Кирковски (2:42) додека трет беше Атанас Анчевски (2:52).

Кај девојките победи Елена Ртоска со нов женски рекорд, кој сега изнесува 3 часа 43 минути, а зад неа на подиумот финишираа Сања Најдовски (4:01) и Ивана Пекевска (4:15).

Скајранингот е екстремна форма на планинско трчање кое се одвива на надморска височина од над 2.000 метри, по исклучително стрмни и каменести терени.

Овој спорт, кој започнува да се развива во алпските земји пред 30-тина година, денес доживува сè поголема популарност во светот со аспирации да стане и олимписки спорт.

Федерацијата за планинарство на С.Македонија е полноправен член на Светската скајранинг федерација (ISF), а минатата година македонска репрезентација за првпат настапи на европското првенство во Италија.

Прикажи повеќе...

Домашен

Црни шест минути за незгоден пораз од Чешка

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа незгоден пораз од 27:25 од Чешка,
откако по одличното прво полувреме во кое имавме два гола предност (11:9) дозволивме
противниците со прекрасни шест минути во второто полувреме да го свртат мечот и да
направат три гола предност од кои потоа немаше опоравување.

Поразот значи дека за пласман во втората фаза ќе мораме да одиме на резултат против
домаќинот Австрија, кои имаат 2 поени и вечерва ја пречекуваат Украина, што ќе биде
многу тешко за остварување.

А во првото полувреме, сè одеше според планот. Со одлична игра во одбраната ги
ограничивме Чесите на само девет гола, а во нападот и покрај тешкотиите оддржувавме
предност благодарение на Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Но, на почетокот на второто полувреме, Чесите направија серија од 6:1 и целосен
пресврт за да поведат со 15:12. Лазаров со два гола успеа да не доближи на гол-разлика,
но Чесите повторно дојдоа до три разлика. На седум минути пред крајот, успеавме да
доближивме на гол разлика (22:21), за Манасков да израмни на 22:22, по што се играше
гол-за-гол до крајот на мечот во драматична завршница.

Ветеранот Ондреј Здрахала погоди за 26:24 на две минути пред крајот за да го „реши“
мечот, по што Лазаров со брз гол намалува на 26:25, за во следниот напад Чесите
повторно стрелаа за конечни 27:25.

Лазаров со 11 гола беше најдобриот стрелец во македонската репрезентација, Манасков
додаде 5, а Гоце Георгиевски уфрли 4.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Македонија 27:25 (9:11)
Австрија – Украина 18.15 ч.
Табела: 1.Австрија 2, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0
ГРУПА Д
Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)
Франција – Норвешка 18.15 ч.
Табела: 1.Португалија 4, 2.Норвешка 2, 3.Франција 0, 4.БиХ 0
ГРУПА Ф
Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)
Шведска – Словенија 18.15 ч.
Табела: 1.Шведска 2, 2.Словенија 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0

Прикажи повеќе...

Домашен

Стоилов најдобар скопски спортист, а РК Вардар најдобар клуб во 2019

Објавено пред

Во големата сала на Советот на Град Скопје денеска се одржа доделување на наградите за најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа во главниот град.

За најдобар спортист на Скопје во 2019 е прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар, а неговиот тим годинава повторно е прогласен за најдобар скопски клуб.

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс, е добитник на наградата за најдобар странец, кој настапува во екипа од Скопје.

Суфијан Исмаили од борачкиот клуб „Лирија“ е избран за најдобар тренер, а борачот Бесир Алили е најдобар младинец.

Тенисерката Александра Симева, пак, е порогласена за најталентиран младинец.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортовите на Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион34 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет45 минути

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ58 минути

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет1 час

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура1 час

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија1 час

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион16 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава18 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија23 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие