Домашен
Македонските кик боксери освоија 21 медал на Балкан опен
Македонските кик боксери настапија на европскиот куп Балкан Опен во Тешањ, Босна и Херцеговина, каде освоија 21 медал и пехар за најдобра натпреварувачка лоу кик и најдобар тим.
Македонските кик боксери настапија на европскиот куп Балкан Опен во Тешањ, Босна и Херцеговина, каде освоија 21 медал и пехар за најдобра натпреварувачка лоу кик и најдобар тим.
Учество зедоа 379 кик боксери од 15 земји, а Македонската кик бокс федерација и Македонија се побогати за 21 медал . Пехарите за најдобра натпреварувачка во лоу кик, Кристина Стојчевска -56 кг и пехарот за најдобар тим во лоу кик само го потврдија квалитетот .
Освоени се вкупно пет златни, осум сребрени и осум бронзени медали.
Со злато се закитија : Марија Божиновска +70кг кик лајт, Војдан Кардалев -94кг кик лајт, Димитар Ѓорѓиев -79кг кик лајт, Бобан Илиовски -71кг лоу кик, Кристина Стојчевска -56кг лоу кик.
Сребрени се: Вчков Филип-69кг кик лајт, Ризов Филип -52кг кик лајт, Бобан Несторовски -84кг кик лајт и лајт контакт, Филип Митревски +94кг лајтконтакт, Хадис Рамадани -67кг лоу кик, Стефани Тодорова -70кг кик лајт, Марија Божиновска +70кг лајт контакт.
Бронзи освоија: Војдан Кардалев -94кг лајт контакт, Денис Муаремовски -63кг лоу кик, Павел Стојчевски -32кг поинт фајт, Ненад Манојловски -69кг кик лајт, Бајром Рамадани -69кг кик лајт, Азрет Зекири -69кг кик лајт.
Претседателот на КБФМ беше наградена со плакета од претседателот на Босанската федерација Алија Огрич за успешна соработка и развивање на кик бокс спортот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.