Домашен
‘Металците’ загубија добиен меч, Цветковиќ го реши ‘својот’ МЗТ
– фото StarSport
Партизан славеше над МЗТ со 72:69 (23:25, 15:24, 17:12, 17:8), во рамките на третото коло во регионалната АБА лига. Мечот во белградски „Пионир“ го реши доскорешниот играч на МЗТ, Александар Цветковиќ, кој поентираше на седум секунди до крајот на мечот. Значајна улога во триумфот на Партизан имаше македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој во третиот период со добрата игра во одбраната го раздвижи својот тим.
Партизан славеше над МЗТ со 72:69 (23:25, 15:24, 17:12, 17:8), во рамките на третото коло во регионалната АБА лига. Мечот во белградски „Пионир“ го реши доскорешниот играч на МЗТ, Александар Цветковиќ, кој поентираше на седум секунди до крајот на мечот. Значајна улога во триумфот на Партизан имаше македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој во третиот период со добрата игра во одбраната го раздвижи својот тим.
Кошаркарите на МЗТ беа пред победа во Белград, против целосно реновираниот тим на Партизан, одиграа одлично прво полувреме, на почетокот од третиот период имаа и 14 поени предност, но потоа целосно паднаа во играта, направија премногу технички грешки, промашуваа отворени шутеви и на крајот го загубија мечот.
МЗТ во првото полувреме постигна 49 поени, со шут од поле од 62 отсто и погодени седум тројки од 10 обиди. Во вториот дел играчите на Алеш Пипан за три поени шутираа девет пати, а погодија само еднаш и мечот го завршија со реализација од 44 отсто од поле и дури 21 загубена топка.
По резултатската нишалка во првиот период, во која МЗТ одлично шутираше од поле, а Партизан одговараше со поени од рекетот, во финишот на втората четвртина со неколку тројки и серија од 5:16, МЗТ обезбеди двоцифрена предност 38:49.
Во ист ритам МЗТ продолжи и во третата четвртина кога стигна до највисоката предност на мечот од 14 поени. Влегувањето на Магдевски во игра, кој подели две ‘банани’ го раздвижи ‘црно белиот’ тим, ја вклучи публиката во мечот и ‘металците’ во решавачките 10 минути влегоа со предност од шест поени (56:61).
МЗТ ја одржуваше разликата во последната четвртина, во која Партизан делуваше дека нема сили за пресврт, но ‘металците’ со серија грешки го вратија противникот во игра, кој на две и пол минути до крајот го презеде водството (69:68).
До крајот на мечот МЗТ постигна еден поен, а лошо го организираше претпоследниот напад, а последниот напад на ПАртизан со звукот на сирената го реализираша Цветковиќ. МЗТ имаше седум секунди за последниот напад, Симоновски се обиде од девет метри но не успеа да погоди.
МЗТ го предводеа Стојановски со 14 поени, Буниќ со 13 поени и шест скока и Љубичиќ со 12 поени и шест асистенции.
Маринковиќ со 16 и Цветковиќ со 15 поени беа најефикасните во редовите на Партизан. Македонскиот репрезентативец, Магдевски за нецели 11 минути имаше учинок од два поени, два блокади и по една асистенција и украдена топка.
МЗТ во наредното коло, во петок, ќе гостува кај Мега Лекс. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.