Домашен
МЗТ со пораз стартуваше во АБА лигата
– фото abaliga.com
Македонскиот шампион МЗТ со пораз ја отвори новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига. Во четвртокот, Олимпија славеше над МЗТ со 91:76 (22:16, 21:20, 25:22, 23:18).
Македонскиот шампион МЗТ со пораз ја отвори новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига. Во четвртокот, Олимпија славеше над МЗТ со 91:76 (22:16, 21:20, 25:22, 23:18).
МЗТ лошо ја бранеше ‘пик’ играта, му дозволи многу лесни поени на противникот, лошо шутираше од линијата за слободни фрлања (11/19). Во нападот МЗТ имаше проблеми со агресивната одбрана на Олимпија, особено во преносот на топката, што е последица на повредите на двајцата плејмејкери Љубичиќ и Протиќ. Двата тима започнаа нервозно, со неколку нерезонски шутеви, по што Олимпија започна да ја контролира играта и се одвои на осум поени (16:8).МЗТ успеа да фати приклучок во втората четвртина и да се држи на негатива од четири поени. Во финишот на вториот и почетокот на третиот период Олимпија со серија од осум поени стигна првпат до двоцифрена предност (49:39).Прашањето на победникот Олимпија го реши во 34.минута кога се ‘одлепи’ на 15 поени од противникот (77:62).Дреновац со 21 поен, три скока и по две асистенции и украдени топки беше најдобриот играч на МЗТ, каде двоцифрен број на поени постигна уште само Луковиќ 14 на кои придодаде и осум скокови.Олимпија ја предводеше Рајт со 14 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки, а најефикасен беше Лешиќ со 19 поени. Екипата на МЗТ во второто коло ќе го пречека Металац, мечот ќе се одигра в недела (19 ч) во СЦ „Јане Сандански“. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.