Домашен
Нов резил на фудбалерите, Либан победи во Скопје
– фото ffm.mk
Кога најмалку се очекуваше, по добрата игра и убедливата победа во четвртокот над Црна Гора, македонските репрезентативци добија шлаканица од фудбалските анонимци од Либан. Македонија, во вторникот, загуби од Либан со 0:1, во пријателски меч одигран на „Филип Втори“.
Кога најмалку се очекуваше, по добрата игра и убедливата победа во четвртокот над Црна Гора, македонските репрезентативци добија шлаканица од фудбалските анонимци од Либан. Македонија, во вторникот, загуби од Либан со 0:1, во пријателски меч одигран на „Филип Втори“.
Либан ја забележа само втората победа против европска селекција во својата историја, претходно оваа репрезентација пред две децении славела над Словачка.
Тактичката формација на либанскиот селектор уште од стартот ја откри определбата неговата репрезентација да го брани својот гол и да се обиде од Скопје да замине без пораз.
Во таа определба му во многу нешта му ‘помогнаа’ избраниците на Игор Ангеловски, кои одиграа анемчнчно, без премногу желба да го притиснат противникот. Единствена опасност за либанскиот голман беа нафрлувањата во неговиот голмански простор.
Две такви сутуации имаше капитенот Шиков во раната фаза на натпреварот, во петтата и седмата минута, но неговите обид со глава завршија крај голот. Имаше можност и Мојсов во 73. минута, но и тој беше непрецизен, исто како и Илијоски веќе во наредната минута.
Либанците, кои се покажаа како технички и тактички репрезентација со скромни квалитети, во првиот дел упатија еден удар кон голот на Димитриевски, директниот виновник за голот кој го постигна противникот.
Во 47. минута Либан изведе корнер, топката беше избиена, некој од противничките играчи ја врати во шеснаесетникот, Димитриевски ‘исплива’ во празно, Трчковски не успеа да ја исфрли, а дефанзивецот на Либан Оумари само се поклони за водство од 0:1.
Либан можеше во 93. минута да го зголеми водството, Хајдар се прoби по левата страна, на петерецот му сервираше одлична топка на Шамсин, но овој биеше крај голот на Димитриевски.
Последната шанса да го избегне поразот, Македонија ја имаше во 96. минута, но Трајковски од слободен удар само ја дофрли топката до либанскиот голман./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.