Домашен
Обрван и Мојсовски: На теренот да покажеме дека сме фаворити
Македонската ракометна репрезентација, в среда, ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2016 година ќе се одржува во Полска. Ракометарите за прв противник ќе ја имаат Швајцарија, репрезентација која два пати ја совладаа во изминатиот квалификациски циклус.
Селекторот Ивица Обрван и репрезентативците сметаат дека Македонија е фаворит против Швајцарија, но дека фаворитската улога ќе мора да ја оправдаат на теренот.
„Се собравме прв пат по Европското првенство, пред овој важен натпревар со кој ќе ги започнеме квалификациите ќе имаме само два тренинга, немаме премногу време. Би бил задоволен да стартуваме со победа, а потоа во наредните три дена да се подготвиме за следниот меч со Чешка. Швајцарија има нов селектор, неколку нови играчи, во однос на тимот против кој ние игравме пред околу година ипол во квалификациите за ЕП во Данска. Верувам дека имаме доволно информации за да забележиме победа против нив. Кај нас работата не е сјајна, но ќе се обидеме да се издигнеме над сите проблеми. Важно е дека играчите се здрави иако не се во оптимална форма, но верувам дека сите заедно ќе забележиме победа“, рече македонскиот селектор Ивица Обрван.
Играта на македонската репрезентација повторно ќе ја гради Наумче Мојсовски кој по паузата се враќа во националниот тим. Бекот на Металург поради повреда на коленото го пропушти Европското првенство во Данска.
„Швајцарија е незгоден противник, но во моментов ослабен без неколкумина стандардни играчи. Видовме дека играат квалитетна одбрана, двете средби кои ги одиграа со Германија се предупредување за нас дека не смееме да се опуштиме. Ние имаме голема желба да победиме, иако во моментов имаме голем број на играчи кои не се стандардни во тимовите. Овој натпревар и оној в недела со Чешка се можност да покажеме дека оваа генерација може да прави успеси, како и досега. Би сакал овој прв циклус да го завршиме со две победи“, рече Мојсовски.
Играчот на Металург, кој на почетокот од сезоната во клубот не добива голема минутажа, уште еднаш потврди дека повредата е минато и дека е физички подготвен да издржи максимални напори.
„Мене ми требаше минутажа која требаше да ја добијам на почетокот од сезоната во СЕХА лигата, но тоа одеше малку потешко, а не знам од кои причини. Но еве како одминува сезоната полека добивам повеќе шанса за игра. Сакам да кажам дека воопшто не се штедам, се обидувам да има континуитет, тука сум да и помогнам на репрезентацијата, а колку ќе играм тоа ќе реши селекторот“, дополни Мојсовски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 17:45 минути. За овој натпревар се уште има билети во продажба, а билети ќе се продаваат и на денот на одигрувањето на натпреварот на билетарата во СЦ „Борис Трајковски“. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.