Контакт

Домашен

Почнува проектот „Фудбал без граници“

Објавено пред

Отпочнувањето на проектот „Фудбал без граници“ во контекст на Европскиот шампионат во фудбал во 2016 година во Франција, беше најавено во понеделник со прес конференција во Фудбалската федерација на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Фудбалот е избран како централна тема на овој заеднички проект на Амбасадата на Германија и Францускиот институт во Скопје, кој е поддржан од Француско-германската канцеларија за млади, асоцијацијата „Лоја“ во Тетово и Фудбалската федерација на Македонија. Проектот има за цел да ја зајакне улогата на фудбалот во современото општество во борбата против расизмот, дискриминацијата и насилството, и има за цел надминување на последиците, преку создавање на партиципативен и толерантен спортски дух и  фудбалска култура. „Фудбал без граници e заеднички проект на германската амбасада, француската амбасада, Францускиот Институт на една страна и ЛОЈА – Центар за балканска соработка, Une Terre Culturelle – Marseille and Jugendzentrum Betonia – Berlin од друга, со поддршка на Француско – Германската Младинска Канцеларија и Фудбалската Федерација на Македонија. Целокупната цел на проектот е да се зајакне улогата на фудбалот во современото општество во борбата против расизмот, дискриминацијата и насилството и се стреми да ги надмине несогласувањата преку создавање на партиципативна и толерантна спортска култура. Фудбал без Граници го смета спортот, а особено фудбалот како клучна алатка за овој процес на социјален развој. Токму затоа имплементацијата на проектот Фудбал без граници се случува во пресрет на Европското Фудбалско Првенство во Франција“, истакна Бујар Љума од ЛОЈА. Во Македонија фудбалот не секогаш се смета како фактор на социјална кохезија, бидејќи често е извор на поделби и конфликти меѓу младите од различни етнички и социјални групи, меѓу кои се јавува нетрпеливост и насилство. Сепак, постојат многу иницијативи од спортските службеници, организации и здруженија кои се свесни за важноста од преземањето конкретни превентивно-едукативни активности во машкиот, но и во женскиот фудбал. „Франција е домаќин на Европското првенство во фудбал кое започнува на 10 јуни, и оваа денешна средба во Македонија помеѓу учесници од Германија, Франција и Македонија низ проект кој е наменет за момчиња и девојчиња покажува дека за вакви спортски настани и за вакви фудбалски настани не постојат граници и дека спортот претставува одлично средство за социјална кохезија“, изјави Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.Со цел да се истражуваат повеќе аспекти на фудбалот како општествена појава, проектот креира група од етнички мешани 26 млади момчиња и девојки од Македонија, Германија и Франција, кои во периодот од 26 до 31 мај, преку спортски натпревари, предавања и интеркултурни работилници ќе го дадат својот придонес во истражувањето. Проектот ќе вклучува и дебата со познати експерти од Франција и Македонија, како и со амбасадорите на Франција и Германија, и официјален претставник на ФФМ, а резултатите ќе бидат објавени на два настани во Тетово и во Скопје.Проектот „Фудбал без граници“ го третира спортот воопшто, но фудбалот особено како клучна алатка за процесот на социјален развој, а се одвива во рамките на француско-германскиот Елис ден (French-German Elise Day), во контекст на Евро 2016.„Би сакала да ја подвлечам важноста на отворената комуникација, да се прифати мирната дебата и да им се пристапи на суштинските прашања со цел да се унапредат нашите општества. Од тие причини јас сум навистина среќна што во текот на овие денови учесниците на проектот можеа без табуа да разговараат за надминувањето на прашањата за расизам, насилство и дискриминација. Фудбалскиот терен треба да биде крстосница на социјална и културна интеграција. Спортот треба да ги прифати сите млади без оглед на нивното потекло, социјален статус или религија. Натпреварот ќе биде добиен кога дискриминацијата ќе биде во офсајд и кога респектот ќе се наметне во секој миг“, додава Оер. „Амбасадата смета дека преку спортот може да се постигне многу во полето на едукација на младите за надминување на културните, етничките и половите разлики. Особено сакам да ја потенцирам Германско – Француската соработка на културно, стопанско, образовно, научно поле која започна како резултат на желбата за помирување на народите по втората светска војна за која особено се заложија генералот Де Гол и Конрад Аденауер. Во контекст на важноста на фудбалот, Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер со својот колега Орал во мај 2016 г. го доделија одликувањето Германски Фудбалски Амбасадори за 2016 година, кое по четврти пат се доделува на спортисти кои се заслужни за меѓународна афирмација на Германија“, изјави Д-р Кристине Алтхаузер – Амбасадор на Германија во Македонија„Ја поздравуваме и се радуваме на иницијативата на сите инволвирани страни во проектот  (и покрај тоа што спортот не им е главна дејност), да го препознаат и  да го искористат фудбалот како начин за зголемување на социјалната кохезија во еден мултиетнички  и мултикултурен контекст какво што е македонското општество. Во свет каде се зборуваат многу јазици, јазикот на фудбалот е еден.  Да го искористиме него за меѓусебно да се разбереме“, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија10 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија10 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија10 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија15 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија15 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија16 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија19 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија20 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет21 час

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет22 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија22 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет22 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет23 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...