Контакт

Домашен

Раца: Целта е да создадеме тим и да се пласираме на ЕП

Објавено пред

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација, Драган Раца (55), првата изјава по именувањето на функцијата, ја даде за српските медиуми. Во мини интервју за спортскиот портал sportskacentrala.com, тој вели дека уште од декември бил во преговори со челниците на Федерацијата и дека добро знае што го очекува во новата средина. Раца, исто така, најави дека репрезентацијата како дел од подготвките за квалификацискиот циклус, за пласман на ЕП, ќе учествува на силен турнир во Кина.

dobivaj vesti na viber

„Од декември имав контакт со претседателот Наумоски и спортскиот директор Марковски. Имавме состаноци, ги разгледавме проблемите и програмата, а бидејќи сметам дека Федерацијата на прво место ја стави иднината на македонската кошарка, лесно се договоривме“, рекол Раца.„Македонија има традиција, знам кои се очекувањата и знам дека кошарката практично е национален спорт во Македонија, особено по успехот во Литванија, а има големи имиња уште од времето на поранешна Југославија. Ние ќе започнеме да спроведуваме нов план. Прва цел е да собереме играчи кои играат, сите да одговорат на повикот и во иднина да станат носители на играта. Со добра работа и атмосфера, треба да создадеме позитивна енергија и да ја оствариме целта, а тоа е пласман на европското првенство. Тоа е наша обврска кон народот кој ја сака кошаркаката“, додава новиот селектор на националниот тим.Раца, проговорил и за можното странско засилување, бидејќи пред извесно време некои медиуми лицитираа со името на Американецот од Црвена ѕвезда, Квинси Милер. Тој, исто така, кусо го коментираше Перо Антиќ, кој на Facebook напиша дека Раца ќе биде „само пион во рацете на Заре Марковски“.„Мораме точно да видиме која позиција ќе ни биде дефицитарна. Постојат неформални разговори, постојат желби, но рано е да се говори за тоа. Прво треба да го направиме костурот на тимот, дури потоа ќе можеме да се насочиме кон играчите кои можат да ни помогнат. Желбите се едно, а на крајот ќе видиме дали е можно тие да бидат остварени. Не одвојувам внимание за критиките, без оглед кој да дојде на местото селектор ќе има критики, секогаш постојат различни мислења, секој го има тоа право. Перо го познавам од претходно, игравме еден против друг и секогаш е добредојден, тоа прашање не се поставува“, рекол Раца.Тренерот кој од 2010 година работел во Кина, вели дека го искористил своето влијание репрезентацијата да добие повик за учество на силен турнир во Кина, во летниот период. Според него, на овој турнир ќе учествуваат Нов Зеланд, Кина, Иран, Литванија, Белорусија…„Прва цел е играчите кои ќе дојдат во репрезентацијата да имаат нормален статус. Ние ќе се обидеме да обезбедиме најдобри услови за подготовки. Со моето именување добивме повик од кинеската репрезентација за учество на турнир, преку кој ќе се промовира Светското првенство во 2019 година. На турнирот ќе настапат Американци, Кинези, Литванци, потоа Нов Зеланд, Иран, Белорусија и Македонија. Ова ќе биде најголемиот кошаркарски настан во Кина во наредните три години. Иако Македонија доби релативно лесна група (Луксембург, Унгарија, Велика Британија) во кавлификациите за ЕП, Раца смета дека нема да биде лесно да се оствари целта.„Македонската репрезентација мора да биде пред секој поединец, а со добра атмосфера ќе ја оствариме нашата цел. Нема да биде лесно во квалификациите. Англичаните имаат добри играчи кои играат во НБА лигата, а унгарската кошарка е во подем во изминатите неколку години“, додава. Раца својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на АЕЛ Лимасол од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и на Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот Чунгкинг флај драгонс, претходно бил тренер и на Ираклис, Олимпиас Патра, Апоел, Сагаза (Либан) и кинески Гуангжоу. Српскиот тренер, инаку, досега бил и селектор на репрезентациите на Либан (2007-2009) и Кипар (2004-2005)./крај/мф/нц

Извор: sportskacentrala.com



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ16 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија17 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ18 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија18 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија19 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија20 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија21 час

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион23 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет23 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија23 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет24 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија24 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...