Домашен
Реакции по насилството по натпреварот Вардар – Шкупи
По тепачката по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи, во која се повредени пет лица, од ФК Шкупи го осудија насилството, но се задоволни од работата за полицијата, додека политичките партии прашуваат каде било МВР да преземе мерки за спречување на вакви немили настани.
По тепачката по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи, во која се повредени пет лица, од ФК Шкупи го осудија насилството, но се задоволни од работата за полицијата, додека политичките партии прашуваат каде било МВР да преземе мерки за спречување на вакви немили настани.
„Физичкитие напади и насилство кое било употребено надвор од стадионот, е доказ дека мора да се преземат итни мерки за да искоренува хулиганството, кое се практикува во и надвор од стадионите, без разлика од која страна доаѓа“, велат од ФК Шкупи, кои најавија дека видео материјалот што го посдуваат ќе биде прдаден како доказ до ФФМ.„Ние, како клуб, јавно им се заблагодаруваме на претседателството на ФК Вардар, стручниот штаб и играчите, но посебна благодарност и до органите на безбедноста на Министерството на внатрешни работи, кои во целиот тек на натпреварот овозможија да мине сé во најдобар можен начин, како за нас претседателство, така за играчите и за целиот наш персонал на сите делови на стадионот“, велат од ФК Шкупи.Од Либерално-демократската партија најостро ги осудуваат вчерашните инциденти во Скопје кога по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи, беа нападнати и претепани десетици случајни минувачи на повеќе локации низ градот.„Упатуваме остри критики и осуда до работата и организацијата на МВР на овој спортски настан, затоа што сметаме дека на еден натпревар од ваков ризик допушта хулигани да ‘хараат’ низ центарот на Скопје, загрозувајќи ги животите и безбедноста на граѓаните“, се вели во реакцијата на ЛДП, од каде повикаа дека „политиката мора да ги тргне рацете од спортот“. Додаваат дека вчерашниот напад врз граѓани на Скопје по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи имал етнички предзнак и претставува најава на она што треба да се случува по секој „натпревар од висок ризик“.Од Либералната партија, пак, сметаат дека, со отсуството на полицијата при нападот на хулиганите, власта создава претекст на сето она што може да го очекуваме по секој ваков сличен настан, а отсуството на информации за овој настан во медиумите на македонски јазик е дополнителна илустрација за наведеното.„Затоа, директната вина јасно се исцртува во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а молчењето на нивните идни коалициони партнери покажува дека биполарноста и бинационалноста останува единствена карта во игра на „големите“ партии. Имајќи предвид дека Македонија ќе игра квалификационен натпревар и со албанската репрезентација, Либералната партија предупредува дека вчерашните слики во Скопје се најава за тоа што ќе се случува во следната прилика“, додаваат од партијата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.