Контакт

Домашен

РК Металург: Задкулисните игри и лагите нема да го уништат угледот на клубот

Објавено пред

Случувањата во ракометниот клуб Металург се топ тема не само во македонската туку и во спортската јавност во регионот.

dobivaj vesti na viber

Кризата која е присутна во Металург веќе еден месец, кулминираше во вторникот, откако целиот тим најпрвин одби да тренира, а потоа и да отпатува на натпреварот со Загреб, во СЕХА лигата.

Ден потоа, во средата играчите се огласија со соопштение во кое како извор на сите проблеми го посочија тренерот на Металург Лино Червар.

Клубот по тој повод, исто така преку соопштение и се обрати на јавноста, во кое меѓудругото се вели дека мал дел од играчите, поддржани однадвор, со задкулисни игри и служејќи се со лаги и подметнувања, конечно го покажале своето вистинско лице.

Соопштението на Металург го пренесуваме во целост.

„Последните настани во РК Металург, конечно ги расветлија сите заткулисни игри што подолг период се случуваа во и околу клубот. Служејки се со лаги, подметнувања и добро смислени конструкции, мал дел од ракометарите, поддржани однадвор, конечно се одважија да го покажат вистинското лице. Криејќи се зад минатиот труд, божемната лојалност, посветеност и ,,професионализам“, заведувајќи го остатокот од тимот, идејните творци на вчерашниот ,,маневар“, извршија обид за подривање на угледот на македонскиот ракометен шампион.

Металург името го градеше макотрпно под раководство на Г-дин Лино Червар кој во Скопје дојде токму со амбиција да создаде силен и успешен ракометен колектив. Врвниот светски тренер во концептот на Металург препозна можност за создавање силен професионалн тим, но и создавање на млади ракометари кои веке полека излегуваат на големата сцена. Клубот се гордее со достигнувањата што беа и се под раководство на тренер кој имаа освоено се што може да се освои и е еден од малкумината во светот кој може да се пофали со постигнатото.

Под негово раководство Металург освен што се посвети на создавање млади играчи, освои и 4 шампионски и 4 куп титули и стана хит во Европа со континуираното учество во завршницата на Лигата на шампионите во последните четири сезони.

Оттаму, навредливи се наводите на ,,професионалците“, кои ги уживаат сите привилегии и комфор откако се дојдени во клубот пред многу години, дека творецот на најголемите клупски успеси е одговорен за таканаречено уништување на ракометарите.

Беше нападнат долго осмислуваниот концепт на Металург, кој даде неверојатни резултати на европско ниво, а се со цел бранење на сопствените интереси. Станува очигледно дека екстремниот егоизам на поединци во тимот е единстевната причина за грубиот напад на македонското ракометно ткиво, бидејки основната идеја за концептот по кој работи клубот е создавање на млади играчи кои се прозивод на долга и макотрпна селекција што се спроведува не само во Скопје туку во повеке школи ширум Македонија.

Илузорно е да се тврди дека успесите на Металург се резултат само на ангажманот на неколкумина поединци кои сакаат да си ги припишат успесите себеси. Се разбира дека нема потреба да се потсетува дека ракометот е колективен спорт во кој се вклучени голем број актери.

Несериозно е и навредливо, да се омаловажува и навредува стручњак како Лино Червар,  кој со доаѓањето во Скопје го внесе клубот во извонредно успешна и блескава ера, и воспостави врвна работа во академијата на Металург што е основна база од каде што веке се регрутираат врвни ракометари што ги бранат боите на клубот но и на македонските репрезентации.

Металург нема да дозволи да се минимизира работата на клубот со младите категории чии играчи по пауза од цела една деценија овозможија формирање на национални селекции што се претставија на големи европски натпреварувања. Лидерите на бесрамниот напад врз клубот, жестоко ги навредија и приврзаниците на клубот кои 4 сезони по ред ја полнеа ,,Борис Трајковски“ Арена во огромен број и сеуште имаат желба и во иднина да ја дадат својата безрезервна поддршка. Металург во изминатите сезони постави нови стандарди во однос на посетеноста на натпреварите во Лигата на шампионите и за тоа им изразува голема благодарност на навивачите.

Металург веќе презеде решителни мерки за справување со ,,професионалците“, испраќајќи силна порака до сите дека никогаш и под никакви услови нема да дозволи да си поигруваат со името, интегритетот и кредибилитетот на клубот што и во иднина ке остане посветен на својот зацртан план за работа и развој.

Во исто време Металург ќе ги искористи сите механизми пропишани во статутот на клубот за бескомпромисно разрешување на настанатата ситуација, односно со покренување на дисциплински постапки против сите инволвирани во последните настани.

Металург ги уверува сите симпатизери и приврзаници дека клубот ќе продолжи да работи на највиско ниво и нема намера да отстапи од поставената цел да остварува врвни резултати на домашен и меѓународен план. Клубот ке остане посветен на својата работа и ке продолжи да им подарува на навивачите блескави моменти како и досега“. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија1 час

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Свет2 часа

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион2 часа

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет3 часа

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет3 часа

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија3 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион3 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет4 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ4 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија4 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија19 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија20 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија22 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија24 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...