Домашен
РК Вардар против заморот и Татран Прешов
Бранителот на титулата во СЕХА лигата, Вардар, в петок ќе го одигра осмиот натпревар во регионалната конкуренција против Татран Прешов. Мечот со словачкиот првак ќе биде трет во изминатата недела за избраниците на Раул Гонзалес, по натпреварот со Монпеље во ЛШ и дуелот со Раднички во СЕХА лигата кој се одигра во средата.
Вардар не бега од фаворитската улога против Татран, но шпанскиот тренер на неговата клупа смета дека поголем противник од словачкиот шампион, на неговиот тим ќе му биде заморот.„Татран е квалитетен тим, особено на бековските позиции кој игра добра 6-0 одбрана. Ова е трет натпревар за нас оваа недела, изморени сме, но мораме да одиграме квалитетен меч, да забележиме победа и да ја продолжиме серијата на добри резултати. Сé уште не знам со кој тим ќе му се спротивставиме на Татран, тоа ќе го решам по последниот тренинг, мора да видам дали сите се здрави“, рече вардаровиот тренер Раул Гнзалес.Вардар на овој меч ќе биде без Петриќ, кој подолг период е повреден, без Душебаев кој се повреди во Монпеље, а неизвесен и е и настапот на Марковиќ, кој поради повреда не играше против Раднички.Тренерот на ‘црвено-црните’ на прес-конференцијата изрази задоволство од победата над Татран, но и од тоа како играчите кои ретко добиваат шанса за настап го одиграле мечот. Добар меч против Раднички одигра капитенот Филип Лазаров кој со шест голови беше втор според ефикасноста во својот тим.„Ова ќе биде втор меч за нас во само три дена што само посебе е доволно за да се каже дека против Татран нé очекува тежок меч. Словаците се многу посериозен тим од Раднички, тие се претенденти за пласман на завршниот турнир. Татран знаел да изненади во Скопје, добро ги познаваме и знаеме дека треба да одиграме максимално за да стигнеме до победата. Доколку победиме, овој дел од сезоната ќе може да го прогласиме за успешен“, рече Филип Лазаров.Натпреварот меѓу Вардар и Татран ќе се одигра в петок со почеток во 20:15 часот./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.