Контакт

Домашен

Ставре Јада 34-ти на трката на 10 километри

Објавено пред

– фото olympic.org

Македонскиот репрезентативец во нордиски дисциплини, Ставре Јада, го освои 34-то место на младинските Зимски олимписки игри во Лилехамер, во дисциплината крос кантри 10 километри.

Македонскиот репрезентативец во нордиски дисциплини, Ставре Јада, го освои 34-то место на младинските Зимски олимписки игри во Лилехамер, во дисциплината крос кантри 10 километри.

Јада, кој претходно во крос кантри слободно и спринт, завршуваше на 43-та и 44-та позиција, со оваа трка го заврши својот настап на младинските ЗОИ.

На стратот на трката на 10 километри се појавија 50 натпреварувачи, еден не ја заврши трката, а Јада на крајот го освои 34-то место. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Дејан Недев двократен европски шампион во традиционално карате во кати и фукуго

Објавено пред

Нашиот најдобар каратист, Дејан Недев, стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија.

Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија.

Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Домашен

АМС ќе му додели еднократна парична награда од 100 илјади денари и стипендија на младиот Пејчиноски

Објавено пред

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиноски, кој успеа да го преплива Охридското Езеро, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, поднесе иницијатива, што беше усвоена при Советот на Агенцијата за млади и спорт, за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти „Спортска надеж“, соопштија денеска од Агенција за млади и спорт.

Исто така, додаваат во соопштението, АМС се обврзала да обезбеди стручни лица што ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.

Од АМС и денеска уште еднаш му упатија честитки на младиот Пејчиноски и му посакаа блескава кариера.

Прикажи повеќе...

Домашен

Спортските обложувачници „Моцарт“ го реновираа теренот на кој се игра меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

Објавено пред

Со поставување на новата спортска подлога се создадоа одлични услови за игра и тренинг на отворено на игралиштето на „Женската плажа“ во Струга

 

Синоќа во Струга на ракометното игралиште на „Женската плажа“ пред преполни трибини почна 46. меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.

Во првиот натпревар пред свеченото отворање на новата специјална подлога за спортски игралишта донирана од спортските обложувачници „Моцарт“ заиграа домаќинот РК „Струга“ и тимот на РК „Железничар“.

Компанијата „Моцарт“ почна голем проект за обнова на игралиштето на „Женската плажа“, кое од синоќа го носи името на македонскиот ракометен херој Наумче Мојсовски.

DCIM100MEDIADJI_0024.JPG

„Факт е дека со години ни беше проблем обезбедувањето подлога за играње на отворено бидејќи душата на турнирот е да се игра овде покрај езерото, а не и при најмал дожд да трчаме во сала. Благодарен сум што ‘Моцарт’ се вклучи во струшката ракометна приказна и овозможи сето ова да изгледа вака. Подлогата по одигрувањето на турнирот останува на игралиштето, што е неверојатна предност за сите млади ракометари од Струга што тука тренираат“, изјави претседателот на РК „Струга“, Наумче Мојсовски.

Турнирот го прогласи за отворен Васко Илијевски, маркетинг-директорот на спортските обложувачници „Моцарт“.

„Како компанија која е регионален лидер во областа во која работиме, особена чест ни е да бидеме и лидери во грижата за заедницата. Нашата отвореност за соработка ја препознаа во Струга и затоа сме денес тука и овој терен изгледа така како што изгледа. Струга отсекогаш бил град расадник на врвни ракометари. Се надеваме дека подобрите услови за игра ќе придонесат од тука да произлезат уште многу ѕвезди како што е Наумче Мојсовски“, истакна Васко Илијевски на отворањето.

Турнирот трае до 19 август, а на новата подлога ќе играат врвните клубови од европскиот ракомет, како„ Целје“, „Тулуз“, „Бешикташ“, „Железничар“, „Констанца“, „Алингсас“, битолски „Еурофарм“ и домаќинот „Струга“. В сабота во рамките на турнирот се игра македонскиот Супер куп меѓу „Вардар“ и „Металург“.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга. Вклучувајќи се во хуманата акција, компанијата „Моцарт“ откупи дел од билетите што играчите може бесплатно да ги подигнат при уплата на тикет на уплатните места во Струга.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија11 минута

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија1 час

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија2 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија2 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија4 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион5 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести5 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија5 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет6 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет6 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет7 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет8 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет18 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион18 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион19 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Досие