Домашен
Стефанов: Сакаме Дамјан да се врати во МЗТ
Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, во пресерет на натпреварот со Цедевита направи промени во ростерот на тимот. МЗТ спогодбено се раздели до Грузиецот Цинцадзе, а нови играчи на тимот станаа Американецот Дион Диксон и Црногорецот Сеад Шеховиќ, кој минатата полусезона беше дел од тимот.
Покрај овие две засилувања, во клубот се надеваат дека и репрезентативецот на Македонија, Дамјан Стојановски, ќе се врати во екипата. Стојановски е без клуб откако по завршувањето на сезоната му заврши договорот со МЗТ.
„Сите знаат дека наша желба сé уште е враќање на репрезентативецот Дамјан Стојановски, затоа што се работи за квалитетен и домашен играч, но неговото доаѓање веќе не зависи од нас“, изјави тренерот на МЗТ, Врбица Стефанов.
Екипата на тренерот Стефанов, во шестото коло во АБА лигата ќе ја пречека Цедевита. Учесникот во Евролигата оваа сезона има три победи и два пораза во првите пет кола, додека учинокот на МЗТ е две победи (двете на домашен терен) и три пораза.
„Играме на домашен терен, пред нашите верни фанови и мора да се прикажеме во далеку подобро издание. На последните неколку натпревари видовме дека без залагање и без мотивација не може да се добие натпревар. Нашиот следен противник, знаеме дека се работи за доста квалитетен тим кој настапува во Евролигата и кој е предводен од одличен тренер. Пред нас имаме уште два дена и неколку тренинзи до натпреварот во кој период ќе се обидеме да ги исправиме нашите грешки што ги направивме на последниот меч. Тука, пред сé, мислам на нашиот пристап кон мечот, цврстата одбрана во текот на сите 40-минути како и контрола на скокот во одбрана и напад. Доколку сево ова го примениме, може да се надеваме на позитивен резултат“, дополни Стефанов.
МЗТ и Цедевита својот натпревар ќе го одиграа в недела, со почеток во 18 часот, во СЦ „Јане Сандански“./крај/мф/нц
Извор: mztskopjeaerodrom.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.