Домашен
Штербик незивесен за мечот со Кристијанштад
– фото архива макфакс
Ракометарите на Вардар во сабота ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Во рамките на 12-то коло тие ќе го пречекаат шведскиот шампион Кристијанштад.
Ракометарите на Вардар во сабота ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Во рамките на 12-то коло тие ќе го пречекаат шведскиот шампион Кристијанштад.
Вардар е во потера по што е можно подобро место на табелата во Групата 2, додека Кристијанштад, кој е претпоследен на табелата, без поголеми грижи ќе допатува во Скопје.
„Кристијанштад ќе игра без притисок, така одигра и против Кјелце. Тим кој игра добра 6-0 одбрана, има добар голаман и се одличен тим во контранападите. Џамали е главен играч во нападот, поседува добар шут и се развива во одличен ракометар. Ние оваа недела добро трениравме, а претходните натпревари против Рајн Некар и во СЕХА лигата добро ни дојдоа за подиграње на формата“, рече тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата, на која го најави мечот со Кристијанштад.
Дека можат да одиграа на високо ниво, кога не се под резултатски императив, играчите на Кристијанштад покажаа во минатото коло кога одиграа нерешено со фаворизираниот Кјелце.
„Мечот со Кристијанштад е многу важен за нас, добро ќе ни дојде и психички да се вратиме на вистинскиот пат. Тие ќе дојдат да одиграат без никаков притисок, а ние ќе да одиграме што е можно подобро. Добро трениравме оваа недела, фаворити сме но тоа ќе мора да го покажаме и на теренот“, рече ракометарот на Вардар, Мијајло Марсениќ.
Вардар на натпреварот со шведскиот тим нема да може да смета на услугите на Карачиќ, додека незивесен за настап е голманот Штербик, кој има проблеми со Ахиловата тетива. Сепак, раз разлика од гостувањето кај Рајн Некар, во минатото коло, Вардар ќе биде посилен за македонските репрезентативци Стоилов и Манасков на кои им истече клупската суспензија.
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се одигра в сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“./крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.