Домашен
Тежок пораз на кошаркарите од Грузија
– фото eurobasket2015.org
Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија 75:90 (18:21, 19:27, 18:23, 20:19) во претпоследното коло во Ц групата на Европското првенство.
Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија 75:90 (18:21, 19:27, 18:23, 20:19) во претпоследното коло во Ц групата на Европското првенство.
Поразот од Грузија ги сведе на минимум шансите на македонските кошаркари за пласман во втората фаза од шампионатот, бидејќи во евентуален круг на три репрезентации со по една победа (Македонија, Грузија, Холандија) ‘црвено-жолтите’ го имаат најлошиот кош количник.Избраниците на Марјан Србиновски во за нив најзначајниот меч во групата одиграа лошо и поразот од 15 кошеви најдобро ја отсликува ситуацијата на теренот. Губеше Македонија на ова првенство два пати по 20 разлика од Грција и Хрватска, но на тие натпревари играта на Македонија во две третини имаше ‘глава и опашка’.Одбраната на овој меч беше дисфункционална, бавно се движеа нашите кошаркари во одбраната, лошо превземаа, центрите Самарџиски и Хендрикс рано влегоа во проблеми со личните грешки, што му овозможи на Пачулија да ја контролира играта под двата коша. Проблематичен беше и нападот, немаше течно движење на топката и најчесто кошаркарите индивидуално ги завршуваа акциите.Чудно прво полувреме одиграа Македонија и Грузија, двата тима играа и постигнуваа поени во серии. Македонија првиот кош од игра го постигна по шест минути, тоа Грузијците го искористија и почетното водство на Македонија од 3:2 (три поени од линијата за слободни фрлања), го претворија во позитива од 3:15.Грузија најпрвин во шестата, а потоа и во осмата минута стигна до позитива од 14 поени (5:19, 7:21). Надеж дека лошиот старт е само момент на слабост на нашите кошаркари и даде серијата од 13:0 со која се доближија на кош негатива (20:21).Следуваше жесток одговор на Грузија, четири минути во кои стигнаа до водство од 25:40, со кое и го најавија конечниот исход.Последен обид да се врати во мечот Македонија го имаше во периодот од 15. до 18.минута кога со серија од 12:0 се доближи на 37:40. И потоа наместо да се одржи ритамот на игра ‘црвено-жолтите’ повторно попуштија во дефанзивата, нападите беа организирани хаотично, што Грузијците го претворија во водство од 37:48 на крајот од првиот дел, односно максимални во тој момент 40:56 (23.минута).До крајот на мечот Грузијците без поголем напор ја одржуваа предноста која во еден момент достигна и 21 поен.Хендрикс со 14 поени и седум скока и Дамјан Стојановски со 14 поени беа најефикасни кај Македонија, Трајковски постигна 13, а Костоски 12 поени.Грузија до првата победа на ова ЕП ја предводеше Пачулија со 23 поени и 14 скокови, Маркоишвили уфрли 18, а Шенгелија 15 поени.Во последното коло во групата, кое на програмата е в четврток Македонија ќе игра против Словенија (15 часот), а Грузија за противник ќе ја има Хрватска. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.