Домашен
Три гола на Трајковски, Македонија ја декласира Црна Гора
– фото vijesti.me
Игор Ангеловски со победа дебитираше на клупата на фудбалската репрезентација на Македонија. ‘Црвено-жолтите’ во четвртокот во пријателски натпревар славеа над Црна Гора со 4:1. Играчот на Палермо, Александар Трајковски постигна ‘хет-трик’, а Црна Гора го доживеа еден од најубедливите порази во својата историја.
Игор Ангеловски со победа дебитираше на клупата на фудбалската репрезентација на Македонија. ‘Црвено-жолтите’ во четвртокот во пријателски натпревар славеа над Црна Гора со 4:1. Играчот на Палермо, Александар Трајковски постигна ‘хет-трик’, а Црна Гора го доживеа еден од најубедливите порази во својата историја.
Македонија против Црна Гора ја забележа првата победа по пауза од една година. Лани во октомври Македонија во квалификациите славеше над Луксембург. Пред рекордно мал број на гледачи, кога е во прашање натпревар на репрезентацијата, македонските репрезентативци одиграа добар натпревар, ги искористија своите шанси и заслужено славеа.Црногорците нешто подобро влегоа во натпреварот, Беќирај упати опасен удар во седмата минута, кој со краен напор го одбрани Димитриевски.Добриот период на Македонија го најави Ибраими, кој во 14. минута од 30-ина метри го тестираше искусниот Полексиќ.По половина час игра првата закана ја имаше најдобриот црногорски фудбалер Јоветиќ, но Димитриевски не дозволи да биде изненаден.Македонија го отвори резултатот во 34. минута, со голот на капитенот Шиков, на кој му претходеше ударот на Ибраими и одбраната на Полексиќ, но топката ја одби право на ногата на Шиков кој ја погоди празната мрежа.Три минути подоцна Бољевиќ го собори Ибраими, судијата покажа на ‘белата точка’, а сигурен реализатор беше Трајковски.Судбината на Црна Гора ја запечати Трајковски, со својот втор гол, во 41. минута, кој одличното додавање на Тричковски го спроведе во мрежата на Полексиќ. Црна Гора се обиде во вториот дел да ја спречи катастрофата, се обиде веднаш на почетокот од вториот дел Јоветиќ, чиј удар го одбрани Димитриевски, потоа Беќирај биеше крај голот, а истиот играч по додавањето од Вучиниќ од десетина метри шутираше над голот.Првата опасна акција на Македонија во второто полувреме не ја реализираше Несторовски во 63.минута, но само една минута подоцна Полексиќ уште еднаш капитулираше. Трајковски вешто избегна офсајд стапица и рутински го совлада црногорскиот голман.До крајот на мечот Црногорците стигнаа до почесниот гол и тоа преку Јоветиќ кој од 20-ина метри неодбранливо го погоди долниот лев агол./крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.