Домашен
Тројца дебитанти на списокот на Друловиќ
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, го соопшти списокот на играчи за квалификациските натпревари кои националниот тим ќе ги одигра против Луксембург и Шпанија. На списокот на Друловиќ има тројца дебитанти, двајца од Работнички Горан Силјановски и Милован Петровиќ и бекот на Нови Пазар Стефан Ашковски.
„На списокот има 21 фудбалер, но оставив простор евентуално да повикам уште двајца фудбалери во наредниот период. Ќе почекаме да заврши ова коло, почеток е на сезоната, некои играчи штотуку најдоа нови клубови, некои се повредени, па поради тоа ќе почекаме да видиме што ќе се случува. Поради тоа оставивме простор и можно е да повикаме уште двајца фудбалери. На овој список има играчи кои со игрите во своите клубови заслужија да бидат повикани во репрезентацијата. Не очекуваат два тешки натпревари пред се мечот со Луксембург за кој мора максимално да се подготвиме, бидејќи посакуваме победа на тој меч со што би направиле добра увертира за мечот со Шпанија“, рече на прес конференцијата селекторот Друловиќ.
Еден од најголемите проблеми на оваа репрезентација е што нашите фудбалери не се стандардни во своите клубови. Голем проблем е кога одредени фудбалери од кои репрезентацијата многу очекува не играат доволно во своите екипи. Тие мора да бидат носители на играта во своите клубови за да можат истото да го прават и во репрезентацијата. Еве сега на почетокот од сезоната имавме доста играчи кои не се стандардни во своите клубови и тоа е еден од најголемите проблеми не само за мене туку и за селекторот на младата селекција. Едноставно никогаш не можете да биде сигурни дали фудбалерите ви се во добра форма или не.“
Друловиќ ја повтори определбата дека има намера да створи силна база и како што рече нема многу промени во однос на списокот кој го објави пред мечот со Словачка. Селекторот упати пофални зборови за фудбалерите на Работнички за кои рече дека со својот однос на теренот го заслужиле повикот во репрезентацијата.
„Работнички на најдобар начин го престави македонскиот фудбал, мислам дека е еден од ретките македонски тимови каде своја шанса добиваат младите фудбалери што е исклучително важно. Односот кон играта кои тие го покажуваат (ги гледав против Јеглава, Трабзон и Рубин) е фантастичен, се надевам дека истиот однос ќе го имаат и во А репрезентацијата. Сигурно е дека нивната позитивна енергија е важна за репрезентацијата“, рече Друловиќ.
Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 31.август, за Луксембург фудбалерите ќе заминат на 4.септември, по натпреварот кој е закажан за 5.септември фудбалерите се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготвките за мечот со Шпанија кој ќе се одигра на 8.септември.
Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија)
Одбрана: Даниел Мојсов (Аданаспор, Турција), Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владимир Димитровски (Керкира, Грција), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Горан Силјановски (Работнички), Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија)
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Милован Петровиќ (Работнички)Никола Глигоров (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Муарем Муарем (Ескишехиспор, Турција), Агим Ибраими (Марибор, Словенија)
Напад: Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија). крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.