Контакт

Домашен

Убедлив пораз на Македонија на стартот на квалификациите за ЕП

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз стартуваше во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2016 година. На стадионот на Леванте, во Валенсија, актуелниот европски првак Шпанија ја совлада Македонија со 5-1 (3-1).

dobivaj vesti na viber

Селекторот Бошко Ѓуровски натпреварот го започна со Пачовски, Шиков, Цуцули, Мојсов, Ристовски, Алиоски, Спировски, Трајковски, Абдурахими, Ибраими, Јаховиќ.

 

Шпанците уште од самиот почеток започнаа да го диктираат темпото на играта иако Македонија прва сериозно се закани кон голот на Касиљас. Ибраими одлично биеше од слободен удар, но Касиљас ја исфрли топката во корнер.

 

Ударот на Ибраими беше единственото нешто што македонската репрезентација го направи во првите 20 минути од натпреварот.

 

Шпанците лесно го освојуваа просторот, лесно ја пробиваа последната одбрамбена линија на Македонија. Една таква акција во 15.минута донесе пенал за ењвропскиот првак. Давид Силва влезе во шеснаесетникот на Пачовски, влезе во дуел со Мојсов, а грчкиот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Серхио Рамос.

 

Две минути подоцна Шпанија ја дуплираше предноста. Македонската одбрана беше матирана во три потега, Давид Силва на спротивната страна го пронајде Хуанфран, овој од прва нафрли во петерецот каде Пако Алкасер ја смести во мрежата.

 

Македонија брзо се созеде од шокот, Трајковски по левата страна влезе во казнениот простор на Шпанија, Хуанфран влезе во конткт со него, а грчкиот судија не се двоумеше да покаже на белата точка. Сигурен изведувач на пеналот беше Ибраими.

 

Веднаш по голот на Ибраими, со удар од 18 метри се закани и Абдурахими, но неговиот обид заврши крај голот на Касиљас.

 

Потоа Шпанците повоторно го заислија темпото на игра, а Пачовски во 32-та и 35-та ги одбрани ударите на Педро и Фабрегас.

 

Шпанија третиот гол го постигна на истекот од првото полувреме, кога Бускетс упати удар од 18 метри, на патот кон голот топката малку го закачи Шиков и заврши зад грбот на Пачовски.

 

Инаку претходно Пачовски одбрани два чисти гола кога панично делуваше македонската одбрана. Најпарвин го одбрани ударот на Двид Силва, кога играчот на Манчестер Сити беше сам пред него, а потоа и ударот на Алказер.

 

На полувремето селекторот Ѓуровски изврши една измена, Демири влезе во игра, а во соблекувалната остана Алиоски.

 

Македонија прва се закани во второтиот дел и тоа по само две минути игра, кога Јаховиќ се обиде да го совлада Касиљас. Веднаш во следниот напад, најдобриот шпански играч Давид Силва по четврти пат го погоди голот на Македонија.

 

До крајот на натпреварот Фабрегас ја погоди гредата од голот на Пачовски, не реализираа ниту Давид Силва и Педро.

 

Македонските играчи првата закана во вториот дел ја имаа во 79-та минута, одново Ибраими упати обар удар и одново Касиљас ја изфрли топката во корнер.

 

Трајковски во 85-та минута изведе соло акција, мина покрај неколкумина Шпанци но Касиљас одново н дозволи да биде совладан.

 

Кога Шпанците ја спуштија топката на земја и македонските играчи добија малку повеќе простор за игра, фуријата изведе брз контра која со гол во 91-та минута ја заврши Педро. крај/мф/нц

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ16 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија17 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ18 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија18 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија19 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија20 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија21 час

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион23 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет23 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија23 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет23 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија24 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...