Домашен
Вардар и Работнички ќе се борат за трофејот во Суперкупот
Актуелниот шампион Вардар и освојувачот на Купот Работнички, во среда, на „Филип Втори“ ќе се борат за трофејот во фудбалскиот Суперкуп на Македонија. Супер купот се игра во невообичаен термин, со него требаше да биде отворена новата сезона, но поради обврските на Работнички во Лига Европа, истиот ќе се одигра утревечер.
„Противник ќе ни биде тимот кој најдобро ја претстави Македонија во европските купови. Го респектираме противникот, но веруваме во нашиот квалитет и верувам дека можеме да го освоиме пехарот“, изјави на прес конференцијата капитенот на Вардар Никола Глигоров.
За неговиот колега од спротивниот табор терминот за одигрување на Суперкупот е невообичаен, но дека Работнички ќе се обиде да го освои трофејот.
„Суперкуп натпревар кој доаѓа на средина од првенството, натпревар за уживање, мислам дека натпреварот нема некое поголемо значење. Очекува добар натпревар, ќе се обидеме да го освоиме пехарот“, рече Илијоски.
Суперкупот ќе биде увертира пред првенствениот дуел на двата тима, кој ќе се одигра в недела. Тренерите Седловски и Ангеловски се уште имаат одредени дилеми околу стартниот состав. Вардаровиот стратег по последниот тренинг ќе реши со кои играчи ќе стартува во среда, додека од здравствениот билтен ќе зависи со кои единаесетмина ќе истрча Работнички. Формата на Работнички е во надолна линија, а Ангеловски се надева дека токму Суперкупот може да биде враќање на Работнички на победничките патеки.
„Играат две квалитетни екипи, очекувам еден квалитетен натпревар и на крајот подобриот нека го освои Суперкупот. Го респектираме Вардар, тоа е нашиот најтрофеен клуб. кој има одлични фудбалери, но јас верувам во моите играчи, очекувам да го дадеме максимумот и на крајот ние да биде тие кои на крајот ќе го освојат трофејот. За нас тоа беше очекувано, да одиграш осум натпревари за неполни два месеци со европски ритам, тоа еднакво на одиграна полусезона во Македонија. Ваквиот пад на формата беше очекуван, неочекувани се некои повреди кои ни се случија. Се надевам дека Суперкупот ќе биде излез од таа криза“, вели тренерот на Работнички, Игор Ангеловски.
„Играме со екипа која добро ја познаваме, екипа која игра добар фудбал и која добро се престави во Европа. Очекувам добар натпревар, а подобриот нека победи на крајот. Вардар на секој меч излегува со цел да победи. Не сметам дека е товар тоа што на секој меч не сметаат за фаворити, имам искусни фудбалери во тимот кои знаат да се носат со таков притисок“, изјави предводникот на Вардар Гоце Седловски.
Суперкуп натпреварот на Националната арена „Филип Втори“, во среда ќе започне во 20 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.