Домашен
Вардар не успеа, Веспрем оди Ф4
По Фленсбург и Кјелце и ракометарите на Веспрем не му дозволија на Вардар да избори пласман на забршниот турнир во Лигата на шампионите. Веспрем и Вардар, во четвртфиналниот реванш одиграа без победник 30:30 (12:14). Во вкупниот скор решавачка беше победата на Васпрем во Скопје 29:26.
Вардар, во реваншот од стартот, со одбраната 5-1, во која најистурен беше Дибиров и рационалниот напад, успеа да ја спречи агресијата на Веспрем, што во раната фаза на мечот му овозможи да ја анулира предноста на Унгарците.
Вардар имаше 4:1 по седум минути игра, а потоа и 6:2 во десеттата минута. „Црвено-црните“, во првиот дел пет пати ја имаа посакуваната разлика од четири гола (6:2, 9:5, 10:6, 12:8, 14:10).
Веспрем го најави враќањето во натпреварот во 28.минута и водството на Вардар 14:10. Унгарците во последните две минути од првото и воведните четири минути од второто полувреме со серијата 5:1, стигнаа до првото израмнување на мечот 15:15, а потоа во 40.минута го имаа првото водство 19:18.
Во последните 20 минути Веспрем беше тимот кој ја одржуваше предноста од два гола, Вардар постојано ја „бркаше“ предноста на противникот, последната шанса за сериозна закана кон противникот Вардарци ја имаа во последните две минути кога најпрвин Штербик одбрани седмерец, а потоа Брумен погоди за 28:29.
Слично како и во Скопје, клучни факртори во играта на Веспрем беа голманот Алиловиќ и левиот бек Илиќ. Алиловиќ имаше 12 одбрани, а Илиќ постигна девет голови, од кои шест во последните 20 минути. Блескаше на овој меч и Наѓ со седум голови.
Кај Вардар најефикасни беа Душебаев со шет, односно Циндриќ и Шишкарев со по четири голови, додека Штербик имаше девет одбрани.
Натпреварот во Веспрем беше последен кој во Лигата на шампионите, како играчи на Вардар, го одиграа Горбик, Брумен и Тоскиќ. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.