Домашен
Вардар против Динамо Загреб во квалификациите во ЛШ
Фудбалерите на Вардар, немаа среќа во жрепката во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“, во второто квалификациско коло ќе се соочат со хрватскиот шампион Динамо Загреб, тим кој минатата сезона играше во фазата по групи во елитното натпреварување.
Македонскиот шампион ќе биде домаќин во првиот меч кој ќе се одигра на 12 или 13.јули на Националната арена „Филип Втори“, додека реваншот во Загреб ќе се одигра една недела подоцна.
Инаку, квалификациите во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017 ќе започнат со првото коло кое на програмата е на 28 и 29.јуни.
ЛШ, прво квалификациско коло:
Флора Талин (Естонија)-Линколн (Гибралтар)
Њу Сентс (Велс)-Тре Пене (Сан Марино)
Валета (Малта)- Б36 Торшван (Фарски острови)
Санта Колома (Андора)-Алшкерт (Ерменија)
Првите натпревари ќе се одиграат на 28/29.јуни, а реваншите на 5/6.јули
ЛШ, второ квалификациско коло:
Карабаг (Азербејџан)-Дуделанж (Луксембург)
Хапоел Бер Шива (Израел)-Шериф (Молдавија)
Олимпија (Словенија)-Тренчин (Словачка)
Салцбург (Австрија)-Липаја (Латвија)
Вардар (Македонија)-Динамо Загреб (Хрватска)
Њу Сентс (Велс)-Тре Пене (Сан Марино)-АПОЕЛ (Кипар)
Зрињски (Бих)-Легија Варшава (Полска)
Лудогорец (Бугарија)-Младост Подгорица (Црна Гора)
Динамо Тбилиси-Санта Колома (Андора)-Алшкерт (Ерменија)
Жалгирис (Литванија)-Астана (Казахстан)
Скендербег-Ференцварош
БАТЕ Борисов (Белорусија)- СЈК Сенајоки (Финска)
Валета (Малта)- Б36 Торшван (Фарски острови)-Црвена звезда (Србија)
Розенборг (Норвешка)-Норчепинг (Шведска)
Дандлак (Ирска)-Хафнафјордур (Исланд)
Флора Талин (Естонија)-Линколн (Гибралтар)-Селтик (Шкотска)
Крусејдерс (Северна Ирска)-Копенхаген (Данска)
Првите натпревари на програмата се на 12 и 13.јули, а реваншите ќе се одиграат на 19 и 20.јули. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.