Домашен
Загриженост во РФМ по повод кризата во РК Металург
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) по повод случувањата во РК Металург се огласи со соопштение. Од македонската куќа на ракометот се загрижени за ситуацијата во која се наоѓа клубот, но изразуваат надеж дека наскоро клубот и играчите ќе најдат „заеднички јазик“, зошто во спротивно тоа може да има далкусежно последици по македонскиот ракомет.
„Би сакале да предупредиме дека во случај на најлошото можно сценарио, доколку РК Металург не ги одигра преостанатите натпревари во Лигата на шампионите, според правилникот на Европската ракометна федерација би следувале (издвојуваме само неколку санкции): парична казна во максимална висина до 500.000 евра, евентуална суспензија (забрана за настап) во Лигата на шампиони 2015/2016 на македонскиот ракометен шампион од сезоната 2014/2015 година, евентуална забрана за настап на сите македонски екипи во европските купови што би значело комплетна изолација на Македонија од европската ракометна мапа“.
Од РФМ, исто така, посочија дека ситуацијата во РК Металург може да има негативни последици и врз македонската репрезентација која за нешто повеќе од два месеца ќе настапи на Светското првенство.
„Во списокот на ракометари на РК Металург кои се обратија до македонската (спортска) јавност се наоѓаат и 13 претставници на македонскиот национален тим. Освен што нивниот натамошен професионален ангажман е неизвесен, тие за неполни два месецa ја започнуваат можеби најтешката македонска ракометна експедиција досега: настапот на СП 2015 во Катар каде што евентуалниот пласман меѓу првите седум тимови би значел квалификации за пласман на ЛОИ 2016 во Рио. Предизвик за кој на македонскиот ракомет му се потребни репрезентативци кои нема да бидат само здрави, физички и психички добро подготвени, туку ќе имаат и настапи во континуитет на сериозни натпреварувања.
Свесни сме дека клубовите се приватни ентитети, но за нас како Федерација, тие 13 играчи се професионалци кои во изминативе години наназад го давале својот максимум за достојно претставување на македонскиот национален ракометен дрес кој со огромна гордост и апсолутна одговорност го носеле во континуитет на големите континентални и светски шампионати и носеле многу радости на нацијата и би било огромна штета такви таленти во зенитот на нивните спортски кариери, соочени со огромниот предизвик популарно наречен борба за настап на Олимпијада – да бидат оставени во неизвесност.
Љубезно апелираме до двете страни инволвирани во спорот: управата на клубот и играчите, да вложат максимални напори со цел да изнајдат заеднички јазик во разрешувањето на настанатата кризна состојба што е можно поскоро, на взаемно задоволство и во полза на македонскиот ракомет“, се вели во соопштението на РФМ по повод кризата која го тресе ракометниот првак на Македонија, а која кулминираше во вторникот кога играчите одбија да тренираат и да отпатуваа во Загреб на натпревар од СЕХА лигата“./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.