Домашен
ЖРК Вардар супериорно против Лајпциг
Ракометарките на македонскиот шампион Вардар во петокот вечерта во Скопје со триумфот од 41-24 против Лајпциг го потврдија своите амбиции за висок дострел годинава во натпреврувањата на женкста ракометна шампионска лига.
По киксот на првиот меч оваа сезона во Лигата на шампионките, ракометарките на Вардар ја деласираа екипата на Лајпциг со 41:24. Вардарки одиграа добар меч и во одбраната и во нападот, особено во вториот дел во кој со контранападите константно ја зголемуваа предноста, за што голем удел имаше одбраната која делуваше цврсто и агресивно. Се истакнаа и голманките кои добија по едно полувреме. Лејно го заврши првото со 12 интервенции, Мајса Пешоа во второто и на крај забележа 10 одбрани.
Радичевиќ и Пенезиќ постигнаа по шест гола за домашниот тим, добра игра пружи и Сара Ристовска која заврши со пет колку и Хмирова. Миневскаја беше најефикасната гостинска ракометарка со, исто така, шест гола.
Сопственикот на тимот, Сергеј Самсоненко кој на овој натпревар беше на клупата заедно со тренерите Аце Станковски и Едуард Кокшаров, изјави по натпреварот дека главната заслуга за добрата игра на тимот му припаѓа на Давид Дејвис, помошникот во машкиот тим на Вардар, кој и пролетва работеше со екипата, а сега по минатонеделниот отказ за Индира Кастратовиќ имаше само пет дена за подготовка.
Ова беше наш прв триумф сезонава во групната фаза од Лигата на шампионките. Вардар вторпат постигнува 41 гол на домашен терен, откако претходно сличен резултат оствари против Крим (41-30) на 7 февруари 2015 година. Оваа висока победа од 17 голови е највисока на домашен терен досега, и втора највисока вопшто за Вардар во Лигата на шампионките. Рекордоните 18 голови предност се постигнати на гостински терен кај Крим и кај Подравка.
Сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, кој заедно со Аце Станковски и Едуард Кокшаров од клупата го предводеа Вардар, изјави по натпреварот дека главен во успехот на неговиот тим е Давид Дејвис, помошникот тренер во машкиот погон на Вардар.
„Сакам да им се заблагодарам на девојките. Го испочитуваа сето она што беше договорено. Нашата игра беше перфектна. Имавме грешки, но тоа беа ситни. Главната заслуга на овој меч е на Давид Дејвис. Тој ни помогна многу. Ние ги распоредивме силите како што треба и по резултатот се гледа дека игравме добро. Сара Ристовска беше одлична. Јас мислам дека го одигра најдобриот меч откако е кај нас“, рече Самсоненко.
Од Лајпциг ја признаа разликата во квалитет и поразот.
„Знаевме дека ќе биде тешко да изненадиме во Скопје. Вардар е мошне квалитетен состав. Игравме солидно во првото полувреме, но не издржавме во исто темпо во целиот меч. Примавме лесни голови и не успевавме да се вратиме во игра и да пружиме посериозен отпор“, изјави тренерот на гостите, Мицлер./крај/мф/нц
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.