Контакт

Спорт

Дончиќ испадна од конкуренција за индивидуалните награди

Објавено пред

Лука Дончиќ повеќе нема да има право да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на Далас Маверикс ќе го пропушти неделниот натпревар против Денвер Нагетс, што не е изненадување со оглед на тоа дека веќе е надвор од теренот поради повреда на левата потколеница и се очекува да отсуствува најмалку уште две недели.

Дуелот со Денвер ќе биде 17-ти натпревар што Дончиќ го пропушта оваа сезона, со што ќе ја прекине серијата од пет последователни појавувања во All-NBA First Team изборот.

Исто така, тој автоматски е елиминиран од трката за наградата МВП.

Дончиќ се приклучува на растечката листа на ѕвезди кои нема да го исполнат условот на НБА од 65 натпревари за да можат да бидат во конкуренција за наградите на крајот од сезоната. На таа листа се Каваи Ленард, Џоел Ембид, Зион Вилијамсон, Паоло Банкеро и Чет Холмгрен.

„За жал, тоа е норма сега со правилата кои се поставени“, изјави тренерот на Маверикс Џејсон Кид.

„Кога имате сериозна повреда, тоа може да ве исклучи, но сите знаеме дека тој е еден од најдобрите играчи. Секогаш се споменува како кандидат за наградата МВП”.

Спорт

Плановите на Реал се јасни, се знае кој ќе го замени Анчелоти

Објавено пред

Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и покрај тоа што има договор до јуни 2026 година, тврди познатиот шпански новинар Рамон Алварез.

dobivaj vesti na viber

Клубот веќе ја испланирал иднината, а очекувано на клупата ќе седне Чаби Алонсо.

Феноменалниот 43-годишен стручњак стекна огромна репутација благодарение на исклучителните резултати со Баер Леверкузен, со кој минатата сезона во германскиот фудбал.

„Планот на Реал Мадрид е кристално јасен. Тие сакаат да го ангажираат Чаби Алонсо како замена за Карло Анчелоти од следната сезона“.

Алварез нагласи дека Анчелоти е целосно свесен за ситуацијата и нема дилема што го чека на крајот од оваа сезона.

„Карло Анчелоти знае дека ова се неговите последни месеци на клупата на Реал Мадрид. Тој знае дека Чаби Алонсо ги одбил понудите од Баерн и Ливерпул и знае дека Реал планира иднина со него”.

Чаби Алонсо ја започна својата тренерска кариера во Реал Сосиедад Б, но со доаѓањето во Баер Леверкузен во 2022 година, го направи вистинскиот потег и започна нова ера во историјата на клубот.

Од друга страна, иако во јуни ќе наполни 66 години, Анчелоти не планира да ја заврши кариерата. Тој често нагласуваше дека не размислува за пензија, а се погласни се шпекулациите дека по Реал Мадрид би можел да стане селектор на некоја репрезентација.

Прикажи повеќе...

Спорт

Општина Битола објави јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории

Објавено пред

Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат деца од ранливи категории.

dobivaj vesti na viber

 Под поимот деца од ранливи категории опфатени се:

 

  • Деца со попреченост,
  • Деца од семејства корисници на ГМП.

 Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2025 година. За оваа активност во програмата планирани се вкупно средства во износ од 400.000,00 МКД.

 „Евалуацијата  ќе ја врши Комисија формирана од Градоначалникот на општина Битола која ќе изврши и распределба на средствата во зависност од бројот на пристигнати барања и бројот на деца кои членуваат во спортските клубови и здруженија. За одобрените средства на секој клуб или здружение пресметани по дете по месец, ќе биде склучен  договор помеѓу клубот/здружението и Општина Битола врз чија основа средствата ќе бидат исплатени до крај на 2025 година по претходно донесен извештај за најмалку 50% присуство на детето на тренинзи и активности во тековниот месец. Повикот се однесува за деца кои веќе тренираат во клубот/ здружението односно за деца запишани до денот на објавување на јавниот повик“, велат од Општина Битола.

 Временскиот период за кој овој повик се однесува е Јануари – Декември 2025 година. Повеќе информации за јавниот повик, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-i-zdruzenija/.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Газдата на Далас за Дончиќ: Џордан и Брајант даваа се од себе

Објавено пред

Патрик Думонт, сопственикот на Далас Маверикс, конечно реши да проговори за трејдот на Лука Дончиќ, откако не престануваат критиките и протестите за потегот што го направи франшизата од Тексас.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за „Далас морнинг нуз“, Думонт ги отфрли тврдењата дека Дончиќ го напуштил Далас поради финансиски причини и ја сподели својата страна од приказната.

„Тимовите победуваат затоа што сите играчи се фокусирани и го имаат вистинскиот карактер, ја носат вистинската култура, ја покажуваат вистинската посветеност кон работата и работат напорно за да придонесат за исходот на шампионатот. Ако не се работи така, поразите се неизбежни“, објасни тој.

Думонт јасно стави до знаење какви вредности очекува од своите играчи, па ги спомна најголемите НБА легенди.

„Ако ги погледнете великаните на оваа лига, луѓето со кои пораснавме вие и јас: Џордан, Бирд, Коби, Шек, тие работеа навистина напорно, секој ден, со единствен фокус на победата. Ако го немате тоа, тогаш нема резултати. И ако го немате тоа, не треба да бидете дел од Далас Маверикс. Тоа е она што го сакаме. Јас сум категоричен за ова. Целата организација го знае тоа. Така работам надвор од кошарката. Ова е единствениот начин да се биде конкурентен и да се победи. Ако сакате да одите на одмор, не правете го тоа со нас“, рече газдата на Далас и дополни.

„Јас сум голем фан на Лука. Моето семејство исто така. Навистина го ценам она што тој го донесе во овој тим, она што го донесе во Далас. Тој е неверојатен играч. Сакам да знаете дека навистина сочувствувам со сите наши фанови кои се разочарани. Видете, што се однесува до мене, Лука ќе биде „маверик“ засекогаш, а јас навистина му посакувам среќ и успех во кариерата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами за нивните лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 часа

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија3 часа

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...

Македонија3 часа

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на...

Свет4 часа

Ослободениот израелски заложник не знаел дека Хамас ги убил неговата сопруга и ќерките

Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во...

Свет4 часа

Трамп вели дека разговарал со Путин; Реагираше Кремљ, ги објави условите за преговори

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако...

Свет4 часа

„Тие изгледаат како преживеани од Холокаустот“, реагираше Трамп на фотографиите на тројцата ослободени израелски заложници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас откако...

Европа4 часа

Макрон: Ќе инвестираме 109 милијарди евра во вештачка интелигенција во Франција

Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот...

Свет13 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија16 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија16 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија21 час

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија22 часа

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ23 часа

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија1 ден

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ1 ден

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...

Македонија1 ден

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено...

Македонија1 ден

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини...

Македонија1 ден

Помал одѕив на вториот бојкот на маркетите, прометот опаднал за 22 отсто наспроти 46,59 отсто минатиот петок

Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22, 12 отсто пад на прометот во осумте...