Спорт
Дончиќ фуриозен во „пресметката“ со Адетокумбо
Лука Дончиќ постигна 36 поени, 19 асистенции (најмногу во неговата кариера) и 14 скока за неверојатен 17. трипл-дабл оваа сезона предводејќи ги Далас маверикс до 136:132 победа во продолженијата над Милвоки бакс во Орландо.
Далас постигнаа 16 поени во низа, последните седум во регуларниот дел и првите девет во продолжението, а да направат 128:119 водство, пред Бакс да се вратат на два поени, за Дончиќ да му асистира фантастично на Макси Клебер за тројка и за запечатување на победата.
Доријан Финли-Смит додаде 27 поени и 11 скока за Мавс, а Криштапс Порзингис имаше 26 поени и 11 скока. За Милвоки, Брук Лопез имаше 34 поени (шест тројки), а Јанис Адетокумбо додаде 34 поени, 13 скока и 5 блокади. Бакси го имаат најдобриот скор во НБА 55-15.
Лос Анџелес лејкерс, пак, запишаа уште еден пораз, откако Индијана пејсерс предводена од 39-те поени на Ти Џеј Ворен стигна до 116:111 победа.
Ворен, кој има неверојатни 33.8 поени по натпревар по рестартот на лигата на 30 јули, постигна седум поени во последните 1:25 за од негатива од еден поен да направи предност од шест поени на 10.6 секунди пред крајот.
За Лејкерси (51-18), Леброн Џејмс се врати по еден меч пауза со 31 поен, 8 скока и 7 асистенции, и тој беше единствениот стартер со двоцифрен број на поени, бидејќи Ентони Дејвис постигна само осум поени (3-од-14 од поле).
НБА
Далас – Милвоки 136:132 ОТ
Феникс – Мајами 119:112
Индијана – ЛА Лејкерс 116:111
Денвер – Јута 134:132 ОТ
ЛА клиперс – Портланд 122:117
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.
Спорт
Надал елиминиран од Де Минор
Рафаел Надал го заврши својот настап во второто коло на турнирот во Барселона. Шпанецот во два сета загуби од Алекс Де Минор (5:7, 1:6).
Надал против Де Минор се држеше до финишот на првиот сет. Австралиецот во 11.гем направи брејк, а патоа и го освои сетот. Во вториот сет немаше никава неизвесност, Де Минор го прегази својот противник.
Тој ја забележа првата победа во дуелите со Надал на земјана подлога и втора во петтата меѓсебна пресметка со еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Де Минор во третото коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Даниел Алтмаер и Артур Фис.
На крајот публиката со овации го испрати Надал. Веројатно ова беше последен пат во кариерата да настапи на турнирот кој го освоил 12 пати.
Спорт
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија
Foto/ facebookFC-Voska-Sport
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Воска спорт во два натпревари го елиминира бранителот на трофејот Македонија ЃП, а Тиквеш во пебал-рулетот беа подобри од Шкупи. Двата тима прв пат изборија место во големото финале.
Воска спорт доживеа пораз во реваншот од Македонија ЃП (2:1), но во финалето се пласира благодарение на победата 2:0 во првиот натпревар, во Охрид.
Гостите го постигнаа првиот гол на натпреварот, преку Јахији во 13.минута. Екипата од Ѓорче Петров натпави пресврт со головите на Фазли во 25. и Велковски во 64.минута, но тоа не им беше доволно да се пласираа во финалето.
Во Кавадарци, Тиквеш и Шкупи одиграа идентично како и во првиот натпревар, без голови. Тиквеш пенал серијата ја доби со 5:3. Сите играчи на домашниот тим беа прецизни од белата точка, а кај Шкендија трагичарот беше Илиевски чии удар голманот Ренер го одбрани во првата серија.