Спорт
Дончиќ го среди Портланд, Лејкерс немоќен во Филаделфија (видео)
Кошаркарите на Филалделфија забележаа победа над ЛА Лејкерс 143:120, Лука Дончиќ го предводеше Далс Маверикс до минималната победа над Портланд Трејлблејзерс 102:101, а Голден стејт Вориорс успеа да слави над Мајами хит иако во еден период имаше минус од 19 поени.
Дуелот во Филалделфија мина во знакот на Џоел Ембид и Кајл Кузма. Ембид со 37 поени и 14 скока беше најефикасен кај Филалделфија, во чии редови уште се истакнаа Тобајас Херис со 22 и Џеј Џеј Редик со 21 поен.
На спротивната страна блескаше Кузма со 39 поени, Леброн Џејмс застана на 18 поени, 10 скока и 9 асистенции.
Далас Маверикс во драматичен меч го совлада Портланд 102:101. Лука Дончиќ 13 од своите 28 поени постигна во последниот период, кој Далас го доби 24:9. Демијан Лилард за Портланд постигна 30 поени, а Јусуф Нуркиќ оствари дабл-дабл од 18 поени и 10 скока.
Актуелниот шампион, Голден стејт Вориорс, имаше негатива во првата четвртина 7:26 во дуелот со Мајами хит, но на крајот победи 120:118. Демаркус Казинс на 5,4 секунди до крајот реализира две слободни фрлања.
Кевин Дурент постигна 39 поени, десет повеќе од Клеј Томпсон, а Стеф кари запиша 25 коша.
Џош Ричардсон, со рекордни во кариерата 37 поени, беше најефикасен играч на Мајами.
Орландо Меџик беше убедлив против Атланта Хокс 124:108. Никола Вучевиќ забележа 19 поени и 12 скока, поен помалку постигна Теренс Рос.
Сакраменто Кингс очекувано го совлада Феникс Санс 117:104. Марвин Бигли забележа 32 поена, а српските репрезентативци Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица реализираа 14, односно 10 поени.
Девин Букер за Финикс постигна 27 поени. Играчите на Финикс го забележаа 14. пораз во низа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…