Контакт

Спорт

Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Мајами

Објавено пред

Мајами хит славеа победа над Далас маверикс (125:110) изминатата ноќ во НБА-лигата. Колективот на Хит беше посилен од Лука Дончиќ, кој го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Покрај Мајами, победи забележаа Милвоки бакс, ЛА Лејкерс, Јута џез и Финикс санс.

Мајами со победата против Далас се израмни со Чикаго булс на челната позиција во Источната конференција. Двата тима имаат шест победи и еден пораз.

Мајами, со тимска игра го победија Маверикс. Првпат во клупската историја четворица играчи постигнаа најмалку 22 поена.

Тајлер Хирого предводеше тимот со 25 поени, Џими Батлер уфрли 23, а по 22 поени постигнаа Кајл Лаури и Бем Адебајо.

На спротивната страна на ниво беа само тројца кошаркари. Лука Дончиќ мечот го заврши со 33 поени, пет асистенции и три скока, Џејлен Браун постигна 25, а Тим Хардавеј јуниор 17 поени.

Резултати:

Детроит Пистонс-Милвоки Бакс 89:117
Јута Џез-Сакраменто Кингс 119:113
Финикс Санс-Њу Орлеанс Пеликанс 112:100
ЛА Лејкерс-Хјусотн Рокетс 119:117



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Евертон му врачи отказ на спортскиот директор

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Евертон му врачи отказ на спортскиот директор, Марсел Брандс. Во исто време од клубот соопштија дека менаџерот Рафа Бенитез ја има поддршката да продолжи со својата работа.

Евертон се без победа на последните осум натпревари во Премиер лигата. Во средата загубија од Ливерпул (1:4). Навивачите тогаш го пцуеја Брандс додека го напушташе стадионот.

Холанѓанецот Брандс стапи на функцијата во 2018 година. Во својот мандат потроши преку 300 милиони евра, но не успеа да го издигне Евертон од просечноста. Единствен плус во неговиот мандат е Доминик Калверт-Лувин, но ниту со неговиот голови, Евертон не успева да бележи добри резултати.

Евертон се наоѓа на 16.место во Премиер лигата, со 15 бодови, 12 од нив „карамелите“ освоија во првите пет кола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса без Фати ќе гостува во Минхен

Објавено пред

Барселона, во среда, со императив на победа, ќе гостува во Минхен, во последното коло во Лигата на шампионите. Ова тешко гостување ќе го пропушти крилниот напаѓач, Ансу Фати.

Лекарскиот тим не му даде дозвола на Фати да настапи против Баерн. Ансу Фати од лани има проблем со повредите, три пати го оперираше десното колено, а откако се врати на терените оваа сезона има проблем со бутниот мускул.

Барселона мора да победи во Минхен доколку не сака да зависи од Бенфика. Во пресрет на последното коло Барса има два бода повеќе од Бенфика. Математиката е јасна, Бенфика има подобар меѓусебен скор и со победа над Динамо Киев и евентуално реми на Барселона ќе се пласира во осмина-финалето. Истото ќе се случи и доколку Бенфика победи, а Барселона доживее пораз.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ферстапен си го зеде пехарот и ја напушти церемонијата

Објавено пред

Луис Хамилтон го победи Макс Ферстапен, на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Трката во Џеда, ја обележаа бројни инциденти и казни. Со оваа победа Хамилтон се израмни со Ферстапен на лидерската позиција во генералниот пласман.

Ферстапен тешко го прифати поразот во трката. Ја напушти церемонијата на доделувањето на наградите. Го доби пехарот за второто место и го напушти подиумот, не им честиташе на ривалите од Мерцедес, Хамилтон и Валтери Ботас кој трката ја заврши на третото место.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Работиме со нашите европски партнери за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за...

Македонија33 минути

Со САД негуваме продуктивен политички дијалог, оцени Пендаровски на средбата со Ескобар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети...

Европа42 минути

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза со Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот Оксфорд и...

Свет48 минути

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција во која загинаа 15...

Европа2 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа3 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија на сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет14 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет16 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет16 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа18 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија20 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија21 час

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија22 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион24 часа

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија2 дена

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет2 дена

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Досие