Спорт
Дончиќ се врати и победи, Богдановиќ е трагичарот на Кингс (видео)
Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас по повредата и го предводеше Маверикс до победата над Сан Антонио 102:98. Во исто време Минесота Тимбервулвс ја прекина серијата од 11 порази кога по две продолженија го победи Сакраменто Кингс. Трагичар на мечот беше Богдан Богдановиќ. Јута и Портланд го одиграа најдобриот меч синоќа, кој мина во „револверашката“ пресметка на Донован Мичел и Демијан Лилалрд.
Далас Маверикс го порази Сан Антонио Спарс 102:98 во дербито на Тексас. Маверикс во тимот го имаше и Словенецот Дончиќ, кој паузира две недели поради повредата на зглобот.
Дончиќ беше најефикасен во својот тим со 24 поени, десет скока и осум асистенции. На спротивната страна се истакна Демар Дерозан со 21 поен.
Сакраменто, по две продолженија, беше поразен од Минесота 104:105. Минесота ја прекина серијата од 11 порази, а Сакраменто е во серија од пет порази. Трагичар на мечот беше српскиот репрезентативец Богдановиќ, кој промаши 20 шута (5/12 за два, 3/16 за три поени). На крајот Србинот имаше 19 поен, седум скока, и по три асистенции и блокади.
Решон Холмс со 20 поени и 18 скока го предводеше Кингс, а кај Минесота се истакна Горги Џенг со 21 поен и 15 скока.
Јута и Портиланд одиграа одличен меч, победија „џезерите“ 121:115, благодарение на 35 поени што ги постигна Донован Мичел, поен помалку кај поразените реализира Демијан Лилар.
Резултати:
Детроит-Вашинготн 132:102
Оклахома-Мемфис 97:110
Бруклин-Њујорк 82:94
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.