Спорт
Дончиќ стигна до рекорд на кариерата – 46 поени!

Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ продолжува да ги поместува границите во НБА лигата. Играчот на Далас Маверикс го предводеше својот тим до голем триумф против Њу Орлеанс Пеликас со 143-130, а притоа оствари учинок на кариерата.
Дончиќ уфрли 46 поени со 12 асистенции и 8 скока со што постави рекорд на кариерата во лигата.
Дончиќ шутираше 12/22 за два поени и 5/8 за три поени. Му помогна Кристапс Порзингис кој уфрли 36 поени, па Далас стигна до четвртиот триумф во низа.
Кај „пеликаните“ младиот Зајон Вилијамсон имаше учинок од 36 поени, додека Брендон Инграм броеше до 30 поени.
Еве како изгледаше шутерската вечер на Дончиќ:
Ноќешни НБА резултати:
Шарлот – Минесота 120-114
Вашингтон – Њујорк 91-109
Атланта – Сан Антонио 114-125
Далас – Њу Орлеанс 143-130
Бостон – Детроит 102-108
Чикаго – ЛА Клиперс 106-125
Денвер – Оклахома 97-95
Јута – Милвоки 129-115
ЛА Лејкерс – Мемфис 115-105
Портланд – Кливленд 129-110
Сакраменто – Орландо 112-123
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона победи во Севилја

Барселона ја победи Севилја на „Санчез Писхуан“ со 2.0, во дербито на 25.коло. Со овој триумф, Барселона се искачи на второто место на табелата, со два бода помалку и два натпревари повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.
Лионел Меси, на кого судијата Хернандез Хернадез му „прогледа низ прсти“ и не во 44.минута не му го покажа вториот жолт картон, и пресуди на Севилја со асистенција и гол.
Првиот гол против индиспонираната Севилја го постигна Усман Дембеле во 29.минута. Конечниот резултат го постави Меси во 86.минута. Аргентинецот го постигна 19 гол во Ла Лига оваа сезона.
Спорт
Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

Домаќините не им препуштија ниту еден бод на гостите во првите четири натпревари, одиграни во рамките на 23.коло во Бундес лигата. „Птерди“ во головите на Келн и Шалке, пукнаа Баерн Минхен и Штутгарт, Борусија Дортмунд за едно полувреме ја прегази Арминија Билефелд, а Волфсбург, со играч помалку, ја победи Херта.
Баерн без проблеми се справи со Келн. По два гола постигаа Левандовски и Гнабри, а еден Чупо Мотинг, во победата од 5:1. Тунижанецот Скири беше стрелец на единствениот гол за Келн.
Штутгарт одиграа ефикасен натпревар против отпишаниот Шалке. Ендо ги постигна првите два гола за „швабите“, а потоа погодија и Калјџиќ, Клеман и Дидави. Стрелец за Шалке беше Колашинац, а Белараби промаши пенал.
Борусија Дортмунд, во второто полувреме ги постигна трите гола со кои ја победи Арминија. Дахуд, Санчо од пенал и играчот на Реал кој е позајмен во Дортмунд, Рениер беа стрелци.
Волфсбург со авто-голот на Клингер и голот на Лакроа ја победи Херта.
Спорт
Гвардиола победи 200.пат како тренер на Сити и 500. пат во кариерата

Манчестер сити го совлада Вест Хем со 2:1, а Пеп Гвардиола забележа три јубилеји. Сити ја забележаа 20 последовна победа, а Гвардиола ја запиша 200 победа како тренер на овој клуб и 500 победа во кариерата.
Сити маршираат кон шампионската титула, на врвот, со натпревар повеќе имаат 13 бода повеќе од Манчестер јунајтед и Лестер.
„Беше ова тежок натпревар, Вест Хем се физички силни. По 10-15 минути ни стана јасно дека нема да биде лесно. Во вториот дел бевме подобри. Но кога играте многу натпревари, нормално е некогаш да биде вака. Имавме среќа што победивме. Математиката ќе биде најважна на крајот од сезоната“, рекол Гвардиола.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер