Спорт
Драма на „Олд Трафорд“ – Рашфорд со гол во 94. минута ги однесе Јунајтед на само -2 од Ливерпул!

Манчестер јунајтед станаа „експерти“ за драма оваа сезона во Премиер лигата, откако Маркус Рашфорд во 94. минута, конечно, го „скрши“ отпорот на Вулверхемптон за 1:0 победа со која се искачуваат на второто место на табелата со само два поени заостанување зад лидерот Ливерпул.
Во првото полувреме двата тима имаа доста шанси за гол – Бруно Фернандеш излезе сам пред Ру Патрисио, но голманот одлично реагираше, додека „волците“ имаа греда преку Саис, и уште една убава одбрана на Давид де Хеа.
„Ѓаволите“ го кренаа темпото во второто полувреме, и во 70-тата минута, Единсон Кавани ја смести топката во голот, но тој беше поништен поради офсајд.
RASHFORD’s GOAL 1-0. 🔥 pic.twitter.com/z7afDgnRSt
— Alex (@GeniusMUFC) December 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во „изолација“

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради КОВИД-19, по што речиси 50 тенисери влегоа во локдаун 14 дена пред Австралија опен.
47 tенисери и тенисерки кои беа на двата лета за Австралија во кои имаше четири позитивни тетови на КОВИД-19 се во таканаречен „цврст карантин“ и не можат да се приклучат на тие кои имаат дозвола да тренираат по пет часа дневно.
Повеќе тенисери се јавија преку социјалните мрежи со објави дека се „заглавени“ во своите хотелски соби и не се во способност да тренираат пред првиот гренд слем од годината, кој стартува на 8 февруари. Швајцарката Белинда Бенчич вели дека правилата биле сменети при пристигнувањето.
„Решивме да дојдеме тука според правилата кои ни беа пратени. Кога пристигнавме добивме информации со нови правила за кои не бевме информирани. Не се жалиме на карантинот, туку поради нееднаквите услови пред важниот турнир“, напиша Бенчич на Твитер.
Романката Сорана Кирстеа изјави дека немала да дојде во Австралија ако знаела дека ќе заврши во изолација.
„Да ни го кажеа тоа пред тргнувањето, немаше да играм во Австралија, ќе останев дома. Сега не ни даваат ниту да се вратиме“, вели Кирстеа.
Спорт
Интер нема пари за плати, ја одложил ратата за Хакими

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека Интер се наоѓа во големи проблеми со ликвидноста и дека затоа е потребен влез на нови инвеститори, бидејќи се преговара со играчите за одложување на нивните плати, а исто така не е исплатена ниту ратата за трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид од 10 милиони евра.
Според правилата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Интер до 16 февруари мора да ги исплати платите за јули и август, и може да биде казнет со поени доколку тоа не се случи. Директорот Бепе Марота ги убедувал играчите дека сите обврски ќе бидат исполнети и побарал за разбирање.
Овие вести доаѓаат по големиот број на шпекулации околу желбата на кинеските газди „Сунинг“ да го продадат клубот или барем да најдат нов малцински сопственик кој би внел капитал во тимот. Британската „БЦ партнерс“ беше најзаинтересирана за влез во италијанскиот гигант, но наместо како малцински сопственик, тие би сакале да станат нов сопственик на клубот.
Спорт
Дешам не простува: Никогаш нема да ги заборавам обвинувањата на Бензема

Дидие Дешам очигледно не планира да го врати Карим Бензема во француската репрезентација и покрај притисокот да се направи тоа, велејќи дека никогаш нема да ги заборави обвинувањата на напаѓачот дека селекторот потклекнал под притисок од расистите.
Бензема, кој има 27 гола во 81 настапи за Франција, не е дел од „триколорите“ од октомври 2015, откако беше уапсен за обидот за уцена на соиграчот од репрезентацијата Матју Валбуена за наводна секс-лента. Овој месец беше потврдено дека 33-годишниот напаѓач на Реал ќе оди на суд за овие обвинувања.
Откако Дешам не го повика за настап на Евро 2016, Бензема изјави дека тој потклекнал под „расистичкиот дел на Франција“, а неколку дена подоцна на куќата на Дешам беа напишани графити обвинувајќи го дека е расист.
„Тоа е дамка на неговата историја. Дури иако со време ситуацијата се смири, не можам да заборавам. Не е само Карим Бензема, имаше изјави од други луѓе кои донесоа вандализам на мојот дом и притисок на моето семејство. Кога ќе се допре моето семејство се поминува линијата и тоа е неприфатливо. Јас страдав од последиците на тие изјави. Не можам да заборавам. Никогаш нема да заборавам“, вели Дешам.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира