Контакт

Спорт

Дресот на игра туку играчот, Ибрахимовиќ погоди два пати за победа на Галакси (Видео)

Објавено пред

Фудбалерите на ЛА Галакси со головите на Златан Ибрахимовиќ го победија Торонто 2:0 во МЛС лигата.

Тоа што на дресот погрешно му го напишале презимето, Ирбахимовиќ, не му пречеше на легендарниот Швеѓанец да го реши мечот.

Во последните 15 минути Ибрахимовиќ ги постигна головите за победа, во 76 и 89 минута. Ибра во 15 натпревари оваа сезона има постигнато 13 гола.

Спорт

Мејведер: Завршив со боксот, тоа е брутален спорт

Објавено пред

Американската боксерска легенда Флојд Мејведер Јуниор уште еднаш потврди дека неговото време во рингот е завршено и дека се фокусира на други бизнис-проекти, како низата боксерски вежбалници што ги отвора во САД, како и промотерската работа.

42-годишниот Американец, кој и претходно се пензионира пред големите суми да го вратат на ракавиците, си замина од спортот со совршен 50-0 скор.

„Имам повици да се вратам во рингот, но моето здравје е моето богатство. Боксот е многу, многу брутален спорт. Во последните неколку години многу боксери умреа во тој ринг. Треба да знаеш кога да се повлечеш. Имав одлична кариера“, изјави Мејведер за „Ројтерс“ демантирајќи ги сите шпекулации за можен римеч со Мани Пакјао или пресметка со Канело Алварез.

Мејведер, кој ја освои својата прва од 12-те светски титули во 1998, првин се пензионира во 2007, но веднаш се врати во рингот, по што се повлече и во 2015 за да се врати за дуел со Конор Мекгрегор во 2017 година. Во јануари оваа година тој го уништи јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава за три минути.

„Ќе патувам и ќе има егзибиции бидејќи носат многу пари, од 10 до 30 милиони долари. Ќе заработувам за три минути нешто што повеќе боксери не го заработуваат во целата кариера“, додава Мејведер.

Прикажи повеќе...

Спорт

СЕХА: Веспрем ја декласира Металопластика, ППД Загреб немоќен во Брест

Објавено пред

Веспрем лесно со 36:29 ја победи Металопластика за да се зацврсти на првото место во Б-групата во СЕХА-лигата, но и Мешков Брест остана во трка за првото место по 33:29 победата над ППД Загреб.

Јахија Омар, Драган Гајиќ и Андреас Нилсон постигнаа по шест гола за унгарскиот гигант, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше два постигнати гола. Милан Милиќ со седум гола беше најефикасен за Металопластика.

Претходно, Мешков со 33:29 го победи ППД Загреб и сега за првото место во групата ќе мора да победат во преостанатите два меча од регуларната сезона и да се надеваат дека Веспрем ќе направи грешка. Микита Ваилупау продолжи со одличната голгетерска низа со седум гола, по пет имаа Вјачеслав Шумак и Александер Шкурински, а Филип Вистороп имаше седум гола за Загреб.

СЕХА-ЛИГА

Мешков Брест – ППД Загреб 33:29 (16:15)

Веспрем – Металопластика 36:29 (22:14)

Прикажи повеќе...

Спорт

Марадона ја напушти Гимназија

Објавено пред

Аргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата потврди дека легендата Диего Марадона веќе не е нивни тренер по само два месеца.

Марадона реши да замине од клубот кога вети дека ќе се повлече ако сегашниот претседател на клубот, Габриел Пелегрино, не се кандидира за нов мандат.

„Марадона веќе не е тренер на Гимназија. Резервниот тренер Маријано Месера ќе го води тимот против Арсенал Саранди“, изјави Пелегрино.

59-годишниот Марадона оваа година си замина од мексиканскиот второлигаш Дорадос кога во два плејофа не успеа да го внесе во првата лига. Во септември тој беше ангажиран како тренер на Гимназија и успеа малку да ја подобри неговата форма победувајќи во три од последните пет натпревари на чело на клубот. И покрај ова, Гимназија останува во зоната за испаѓање на Суперлигата со 24 клуба.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија1 час

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа2 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија4 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет7 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија7 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија9 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ9 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија10 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија11 час

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ11 час

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата13 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија13 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа13 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Досие